И рече Давид: »Синот мој Соломон е млад и слаб, а домот, што ќе се гради за Господа, треба да биде многу величествен, за слава и за приказ по сите земји; затоа јас ќе му приготвам сѐ што треба за него.« И приготви Давид до смртта своја многу.
но би кон мене словото Господово и ми се рече: ‚Ти си пролеал многу крв и си водел големи војни; ти не бива да градиш дом на името Мое, зашто си пролеал многу крв на земјата пред лицето Мое.
Еве, ќе ти се роди син: тој ќе биде мирен човек; ќе му дадам спокојство од сите околни напријатели, затоа името негово ќе биде Соломон. Во неговите дни ќе му дадам на Израилот мир и спокојство.
Така ќе имаш успех, кога ќе земеш да ги извршуваш наредбите и законите, што Господ му ги заповеда на Мојсеја за Израилот. Биде цврст и храбар, не плаши се и не паѓај со духот!
И еве, јас при скудноста своја приготвив за домот Господов сто илјади таланти злато, илјада таланти сребро, а бакарот и железото мерка немаат, зашто се во големи количин; дрва и камења исто така подготвив, а ти придодај уште кон тоа.
»Зар не е со вас Господ, Бог наш, Кој ви даде спокојство од секаде? Оти Он ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата се покори пред Господа и пред Неговиот народ.
И така, расположете го срцето свое и душата своја, за да Го побарате Господа, вашиот Бог. Станете и изградете светилиште на Господа Бога, за да го пренесете ковчегот на заветот Господов и свештените садови Божји во домот, што ќе се гради на името Господово!«