×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

1 Летописи 27

1
Еве ги синовите Израилеви според нивниот број, начланици на родовите, илјадниците, стотниците и управителите, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и заминувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.
2
Над првото одделиние, за првиот месец, началник беше Извоаз, син Завидиилов; во одделението негово имаше дваесет и четири илјади;
3
тој беше од Фаресовите синови и началник над сите војводи во првиот месец.
4
Над одделинието за вториот месец беше Додај, Екхотецот; во одделението негово беше и кнезот Макелот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
5
Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодаја; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири илјади;
6
тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделиние се наоѓаше синот негов Завад.
7
Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавав брат, и по него синот негов Завадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
8
Петтиот, за петтиот месец, беше кнезот Самаот, син Језраев; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
9
Шести, за шестиот месец, беше Одуј, Екисов син, Текуец; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
10
Седми за седмиот месец, беше Хелис, Фалусјанин, од Ефремовите синови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири илјади.
11
Осми, за осмиот месец, беше Совохај, Усатитјанин од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
12
Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири илјади.
13
Десетти, за десеттиот месец, беше Махрај, Нетофатец, од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
14
Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Фаратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
15
Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше Холдиј, Нетофатец, од потомците Готониилови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
16
А над Израилевите колена кнезови беа: во Рувимовото – Елиезер, син Зехриев; во Симеоновото – Сафатија, син Мехиев;
17
во Левиевото – Асавија, син Кемуилов; во Аронотвото – Садок;
18
во Јудиното – Елијав, од Давидовите браќа; во Исахаровиот – Амри, Михаилов син;
19
во Завулоновото – Самаија, Авдиев син; во Нефталимовото Јеримот, Озиилов син;
20
во Ефремовото синови – Осиј, Азазиев син; на полуплемето Манасиево – Јоил, Фадеев син;
21
во полуплемето Манасиево во Галад – Јадај, Завадиев син; во Венијаминовото – Јасиил, Авениров син;
22
во Дановото – Азариил, Јорамов син. Тоа беа водачите на Израилевите племиња.
23
Давид не ги преброи оние ште беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол, дека го умножи Израилот како ѕвездите небески.
24
Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израилот поради тоа пребројување, и тоа не влезе во летописите на царот Давида.
25
Над царските сокровишта беше Асмот, Одилиев син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите – Јонатан, Озиев син;
26
а над оние, што работеа полски работи, со земјоделие, беше Ездрај, Хелувов син;
27
над лозјата – Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата – Завдиј, син Сефамиев,
28
над маслините и смоквите во полињата – Геторјанинот Валанан, а над одделенијата со елеј – Јоас;
29
над крупниот добиток, што пасеше во Сарон – Саронецот Страј, а над добитокот во долините – Адаиновиот син Софат;
30
над камилите – Исмаилецот Увиј; над ослите – Маротонецот Јадија;
31
над ситниот добиток – Агаритецот Јоас. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
32
Јонатан, Давидовиот стрико, беше советник, човек умен и писмен; и Јеил, Акаманиев син, беше при царските синови;
33
Ахитофал беше царев советник; а Хусија – царев пријател;
34
а по Ахитофела беа Јодај, син Ваниев, и Авијатар; Јоав, пак, беше прв царев војвода.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки