Синови на Рувима, првороден Израилев, – тој беше првороден; но откако ја оскверни постелата на татка си, првенството им беше дадено на синовите на Јосифа, син Израилев, но под услов да не се пишат провородени.
Меѓу потомците на Рувима и Гада и полуплемето Манасиево имаше воинствени луѓе, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и свикнати на борба, – четириесет и четири илјади и седумстотини и шеесет души, што одеа во војна.
И помош им беше дадена против нив, и Агарјаните беа предадени во рацете нивни со сѐ, што имаа, зашто во времето на борбите тие го повикуваа Господа, и Он ги услишуваше, зашто на Него се надеваа.
Но кога згрешија против Бога на татковците свои и почнаа да одат блудно по боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,
тогаш Бог Израилев го возбуди духот на асирскиот цар Фула и духот на асирскиот цар Теглатфаласара, и тие г преселија Рувимците и Гадовците и полуплемето Манасиево и ги одведоа во Алаи, Јовор и Аран и на реката Гозан, – каде што се и до ден денешен.