Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвеличи високо. |
| 2 |
| И му заповеда Соломон на сиот Израил да се соберат: илјадниците, стотниците, судиите и сите началници во сиот Изриал – старешините на домовите татковски. |
| 3 |
| Па отидоа Соломон и целото собрание со него на ридот во Гаваон, бидеќи таму беше Божјата скинија на сведоштово, која Мојсеј, слугата Господов, ја беше подигнал во пустињата. |
| 4 |
| Давид го беше пренел Божјиот ковчег од Киријат-Јарим на она место, што му го беше приготвил, откако направи за него скинија во Ерусалим. |
| 5 |
| А бакарниот жртвеник, што го беше направил Веселеил, синот на Урија, Одов син, си остануваше таму пред синијата Господова; него го побараа Соломона и собранието. |
| 6 |
| И таму пред лицето на Господа, врз бакарниот жртвеник, што беше пред скинијата на сведоштвото, Соломон принесе илјада сепаленици. |
| 7 |
| Во таа ноќ му се јави Господ на Соломона и му рече: »Барај, што сакаш да ти дадам.« |
| 8 |
| Соломон Му одговори на Бога: »Ти му направи на таткото мој Давида голема милост и ме постави за цар место него. |
| 9 |
| Нека се исполни сега, Господи, Боже словото Твое кон татка ми Давида, бидејќи ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав, |
| 10 |
| дај ми сега мудрост и разум, за да излегувам и влегувам пред тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?« |
| 11 |
| И му рече Бог на Соломона: »Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара богатство, имот и слава, ниту душите на твоите непријатели, ниту пак, побара многу денови, туку побара мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар, – |
| 12 |
| мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ќе ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, нити ќе има по тебе.« |
| 13 |
| Тогаш Соломон се врати од ридот во Гаваон, од скинијата на сведоштвото, во Ерусалим, и царуваше над Израилот. |
| 14 |
| И собра Соломон коњица; имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњаници, кои ги насели по колските градови и при царот во Ерусалим. |
| 15 |
| И го направи царот во Ерусалим среброто и златото рамноцено со камењата, а кедрите според нивното множество ги направи рамноцени со смоквите во низините. |
| 16 |
| Коњи му доведуваа на Соломона од Египет; царски трговци ги купуваа со пари; |
| 17 |
| една кола се купуваше и дотеруваше од Египет за шестотини сикли сребро, а еден коњ – за сто и педесет. Така тие им ги доставуваа преку своите раце на сите цареви хетејски и цареви сиријски. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/2chronicles/001.mp3
36
1