БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Соломон, синот Давидов, беше се зацврстил на престолот. Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвиши многу. |
| 2 |
| Тогаш Соломон му се обрати на сиот Израел, на илјадниците, на стотниците, на судиите, на сите израелски кнезови, на главите на семејствата, |
| 3 |
| та Соломон и сиот собир со него се искачија на возвишението кое беше во Гаваон, зашто таму беше Шаторот на средбата што го подигна Мојсеј, слугата Божји, во пустината. |
| 4 |
| Давид го пренесе Божјиот Ковчег од Киријат-Јарим до местото што самиот го подготви за него; зашто беше подигнал Шатор во Ерусалим. |
| 5 |
| Бронзениот жртвеник што го направи Веселеил, синот на Оровиот син Уриј, беше таму пред Господовиот Шатор, каде дојдоа Соломон и собирот за да му се обратат. |
| 6 |
| Таму пред Господа Соломон се искачи при бронзениот жртвеник, кој беше веднаш до Шаторот на средбата, и принесе врз него илјада паленици. |
| 7 |
| Истата ноќ Бог му се јави на Соломона и му рече: „Барај што да ти дадам.” |
| 8 |
| Соломон одговори: „Мошне наклонет Му беше на мојот татко Давид, и ме зацари мене на неговото место. |
| 9 |
| Боже Господе, нека се исполни сега ветувањето што Му го даде на мојот татко Давид, зашто ме зацари над народот што го има многу како земниот прав. |
| 10 |
| Дај ми сега мудрост и знаење за да можам да управувам со овој народ, зашто кој ќе управува со толкав народ како што е овој, Твојот!” |
| 11 |
| Бог му рече на Соломона: „Бидејќи тоа ти е во срцето, а не бараше ни богатство, ни благо, ни слава, ни смртта на непријателите, и зашто не бараше долг живот, туку мудрост и знаење како би управувал со Мојот народ над кој те зацарив, ти давам мудрост и знаење. |
| 12 |
| Но ти давам и богатство, благо и слава какви немаше ниеден цар што бил пред тебе и какви не ќе имаат ни оние кои ќе дојдат после тебе.” |
| 13 |
| Соломон од возвишението во Гаваон отиде во Ерусалим, подалеку од Шаторот на средбата, и царуваше над Израел. |
| 14 |
| Собра бојни коли и коњаници: имаше илјада и четири стотини бојни коли и дванаесет илјади коњаници, и ги размести по градовите каде што му беа колите и кај себе во Ерусалим. |
| 15 |
| Соломон направи да има сребро и злато во Ерусалим изобилно како камења, а кедрови дрва многу како црници во Шефел. |
| 16 |
| Соломоновите коњи беа внесени од Египет и од Кеве, а царските трговци ги купуваа за пари. |
| 17 |
| Се донесуваше и се продаваше една бојна кола од Египет по шест стотини сребрени шекели, а коњите по сто и педесет; тоа беше исто така за сите хетитски и арамејски цареви, кои ги увезуваа преку нив. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/2chronicles/001.mp3
36
1