Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венијаминовиот дом сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да војуваат против Израилот и да му го вратат царството на Ровоама. |
| 2 |
| И би слово Господово до Самеја, човекот Божји, со кое беше речено: |
| 3 |
| »Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар Јудејски, и на сиот Израил во Јудиното и Венијаминовото племе: |
| 4 |
| вака вели Господ: ‚не одете и не почнувајте војна со браќата свои; вратете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘« Тие ги послушаа зборовите Господови и се вратија од походот против Јеровоама. |
| 5 |
| Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со ѕидови. |
| 6 |
| Го утврди Витлеем, Етам, Текуја, |
| 7 |
| Ветсур, Сокхот, Одолам, |
| 8 |
| Гет, Марисан, Зиф, |
| 9 |
| Адурем, Лахис, Азиер, |
| 10 |
| Салај, Елон и Хеврон, што беа на Јудиното и на Венијаминовото племе. |
| 11 |
| Ги зацврсти тие тврдини и постави во нив началници и житници, и одделенија за елеј и вино. |
| 12 |
| И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин. |
| 13 |
| Свештениците и левитите, колу што ги имаше по целата земја Израилска, се собраа при него од сите краишта, |
| 14 |
| зашто левитите ги оставија селата свои и владенијата свои и дојдоа во Јудеја и во Ерусалим, бидејќи Јеровоам и синовите негови ги отстранија од свештенството Господово |
| 15 |
| и си поставија жреци во идолските светилишта на ридовите, за идолите и за телињата што тој ги направи. |
| 16 |
| А по нив и од сите племиња Израилеви, кои го управија срцето свое да Го бараат Господа, Бога Израилев, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господа, Бога на татковците свои. |
| 17 |
| Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоновиот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давида и Соломона во тие три години. |
| 18 |
| Ровоам си ја зеде за жена Маелата, ќерката на Јеримута, син Давидов, и на Авигеја, ќерка на Елијава, син Јесеев; |
| 19 |
| И таа му ги роди синовите: Јеуса, Саморија и Зама. |
| 20 |
| По неа тој ја зеде Маха, ќерка Авесаломова, и таа му ги роди Авија, Јевтија, Зиза и Салимота. |
| 21 |
| Ровоам ја сакаше Маха, Авесаломовата ќерка, повеќе од сите свои жени и наложници, зашто тој имаше осумнаесет жени и шеесет наложници, и роди дваесет и осум синови и шеесет ќерки. |
| 22 |
| Ровоам го постави Авија, синот на Маха, за началник и кнез над браќата свои, зашто сакаше да го направи цар. |
| 23 |
| Па мудро работејќи, тој ги распрати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамина, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/2chronicles/011.mp3
36
11