БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Откако дојде во Ерусалим, Ровоам го собра сиот Јудин и Венијаминов дом, сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да удрат на Израел и за да му го вратат царството на Ровоама. |
| 2 |
| Но Господовото слово му дојде на Божјиот човек Семај: |
| 3 |
| ”Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, јудејскиот цар, и на сите Израелци во Јудиното и Венијаминовото племе: |
| 4 |
| ’Господ вели вака: „Не одете да војувате со браќата! Нека секој се врати во својата куќа, зашто ова потекнува од Мене.”‘“ И тие го послушаа Господовото слово, се вратија, и не удрија на Јеровоам. |
| 5 |
| Ровоам, престолувајќи во Ерусалим, почна да подига цврсти градови по Јудеја. |
| 6 |
| Така ги изгради: Витлеем, Етам, Текуј, |
| 7 |
| Вет-Сур, Сохот, Одолам, |
| 8 |
| Гат, Мариса, Зиф, |
| 9 |
| Адораим, Лахис, Азика, |
| 10 |
| Сараја, Ејалон и Хеврон, тврди градови во Јудиното и во Венијаминовото племе. |
| 11 |
| Откако ги утврди градовите, им постави заповедници и довлече храна, масла и вина за чување; |
| 12 |
| во секој одделен град стави штитови и копја, и ги утврди мошне силно. Така тој ги имаше Јудиното и Венијаминовото племе. |
| 13 |
| Свештениците и левитите, кои беа по сиот Израел, пристапија кон него од сите краишта. |
| 14 |
| Левитите ги оставија пасиштата и имотот та отидоа во Јудеја и во Ерусалим, зашто Јеровоам и неговите синови ги отфрлија за да не Му вршат свештеничка служба на Господа, |
| 15 |
| а постави свештеници за себе на високи места, за јарците и за телињата што ги направи. |
| 16 |
| По нив доаѓаа од сите израелски племиња во Ерусалим за да Му жртвуваат на Господа, на Бога на своите татковци, оние кои го бараа со срцето Господа, Израелевиот Бог. |
| 17 |
| Така го утврдија Јудејското Царство и го охрабрија Соломоновиот син Ровоам за три години, зашто три години одеа по патот на Давид и Соломон. |
| 18 |
| Ровоам си ги зеде за жени: Маелета, ќерката на Давидовиот син Еримот, и Авихаила, ќерката на Јесеевиот син Елијав, |
| 19 |
| која му ги роди синовите: Еус, Самариј и Зама. |
| 20 |
| А по неа се ожени со Авесаломовата ќерка Маха, која му ги роди: Авиј, Атај, Зива и Селомит. |
| 21 |
| Ровоам ја љубеше Авесаломовата ќерка Маха повеќе од сите свои жени и соложнички, иако зеде осумнаесет жени и шеесет соложници и ако му се родија дваесет и осум синови и шеесет ќерки. |
| 22 |
| И Ровоам го постави Махиниот син Авиј за главатар и за кнез над неговите браќа, зашто беше наумил да го постави за цар. |
| 23 |
| И, работејќи мудро, ги размести синовите по сите Јудејски и Венијаминови краишта, по сите тврди градови, давајќи им храна во изобилство и женејќи ги со многу жени. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/2chronicles/011.mp3
36
11