Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоама стана цар Авија над Јуда; |
| 2 |
| тој царуваше три години во Ерусалим; мајка му се викаше Михаја, ќерка Урилова, од Гаваон. И Авија водеше војна со Јеровоама. |
| 3 |
| Авија изведе во војна војска од храбри луѓе, четиристотини илјади одбрани души, а Јеровоам излезе против него во бој со осумстотини илјади души, исто така одбрани јунаци. |
| 4 |
| И застана Авиј на врвот од планината Семераим, една од Ефремовата гора, и рече: »Чујте ме, Јеровоаме и сите Израилци! |
| 5 |
| Не знаете ли, дека Господ, Бог Израилев, му го даде на Давида царството над Израилот засекогаш, нему и на синовите негови, според заветот вечен.« |
| 6 |
| Но беше востанал Јеровоам, синот Наватов, слуга на Давидовиот син Соломона, и се побуни против господарот свој. |
| 7 |
| И се собраа околу него луѓе долни, развратници и станаа против Ровоама, синот Соломонов; а Ровоам беше млад и со слабо срце, и не издржа против нив. |
| 8 |
| А сега вие мислите да устоите против царството Господово, кое е во рацете на Давидовите синови, зашто вас ве има многу и затоа што имате златни телиња, што ви ги направи Јеровоам за богови. |
| 9 |
| Нели вие ги изгонивте свештениците Господови, синовите Аронови, и левитите, и си поставивте свештеници, какви што има при народите во другите земји? Секој, што доаѓа за свое посветување со теле и седум овни, тој станува кај вас свештеник на лажни богови. |
| 10 |
| А кај нас – Господ е наш Бог; ние не сме Го оставиле; на Господа Му служат како свештеници синовите Аронови, и левитите се на својата работа. |
| 11 |
| Тие Му жртвуваат на Господа сепаленици, секое утро и секоја вечер, и миризливо кадиво, ги слагаат лебовите еден врз друг на чиста трпеза и ги палат кандилцата на златниот светилник за да горат секоја вечер, зашто ние ја пазиме наредбата на Господа, нашиот Бог, а вие сте Го оставиле. |
| 12 |
| И, ете, нам на чело ни е Бог и Неговите свештеници и громогласните труби, за да грмат против вас. Синови Израилеви, не војувајте против Господа, Бога на вашите татковци, зашто нема да успеете! |
| 13 |
| Во тоа време Јеровоам направи заседа зад нивниот тил, така што самиот тој беше пред Јудејците, а заседата – зад нив. |
| 14 |
| И кога се обѕрнаа Јудејците, – а тоа борба и отспреди и одзади; и повикаа кон Господа, а свештениците затрубија со труби. |
| 15 |
| И почнаа да викаат Јудејците. И кога Јудејците повторно извикаа, Бог го порази Јеровоама и сите Израилци пред Авија и Јуда. |
| 16 |
| И синовите Израилеви почнаа да бегаа пред Јудејците; и Бог го предаде во рацете нивни. |
| 17 |
| Авија и народот негов страшно ги поразија; и паднаа од Израилот петстотини илјади одбрани јунаци. |
| 18 |
| Тогаш синовите Израилеви се смирија, а синовите Јудини станаа силни, зашто се надеваа на Господа, Бога на татковците нивни. |
| 19 |
| Авија, пак, го гонеше Јеровоама и му ги одзеде градовите: Ветил и нему потчинетите села, Јесин со селата негови и Ефрон со потчинетите му села. |
| 20 |
| И Јеровоам веќе не се совзеде во дните на Авија. Господ го порази и тој умре. |
| 21 |
| Авија, пак, се засили; си зеде четиринаесет жени и роди дваесет и два сина и шеснаесет ќерки. |
| 22 |
| Другите дела на Авија, делата негови и зборовите негови се опишани во записите на пророкот Ада. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/2chronicles/013.mp3
36
13