Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, израилскиот цар Васа се крена против Јудеја и почна да ја гради Рама, за да не му дозволи никому ниту да излегува од јудејскиот цар Аса, ниту да доаѓа кај него.
Тогаш Аса изнесе сребро и злато од ризниците на домот Господов и на царскиот дом и ги испрати до сирискиот цар Вен-Адад, кој живееше во Дамаск, велејќи:
»Да биде сојуз меѓу мене и тебе, како што беше меѓу татко ми и таткото твој; ти испраќам сребро и злато: оди и раскини го сојузот свој со израилскиот цар Васа, за да се повлече од мене.«
Вен-Адад го послуша царот Аса и испрати свои војводи, што ги имаше кај себеси, против израилските градови, и тие го опустошија Ајнон, Дан и Авелмаим и сите житници во Нефатлимовите градови.
А царот Аса ги собра сите Јудејци, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвата, што ги употребуваше Васа за градење, и ги изгради со нив Гаваја и Мисфа.
Во тоа време дојде јасновидецот Ананиј при јудејскиот цар Аса и му рече: »Бидејќи ти се потпре на сирискиот цар, а не си се надевал на Господа, твојот Бог, затоа се спаси од рацете твои војската на сирискиот цар.
зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие што срце наполно Му е предадено Нему. Ти сега постапи неразумно; затоа отсега ќе имаш војни.«
Тогаш Аса се налути на јасновидецот и го затвори во темница, бидејќи беше раздразнет од тоа против него. Во тоа време Аас го притискаа и некои од народот.
На триесет и деветтата година од царувањето свое Аса се разболе во нозете, и болеста негова се прошири до горните делови на телото; но во болеста своја не Го побара Господа, туку лекари.
И го погребаа во гробницата, кој што сам си ја беше изградил во Давидовиот град; го положија на одарот, затрупан со благопријатни мириси и со разни вештачки масти, какви што изгореа големо множество за него.