По неколку години отиде при Ахава во Самарија; и закла Ахав многу добиток, ситен и крупен, за него и за луѓето со него и го убедуваше да се кренат притив Рамот Галадски.
И му рече Ахав, царот израилски, на Јосафата, царот јудејски: »Ќе дојдеш ли со мене во Рамот Галадски?« Тој му одговори: »Како што ќе одиш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ; ќе дојдам со тебе во војна!«
Израилскиот цар собра четиристотини души пророци и им рече: »Да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или ќе мируваме?« Тие одговорија: »Оди, и Господ ќе го предаде во раката на царот.«
Му одговори царот израилски на Јосафата: »Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас него не го сакам, зашто тој не пророкоува добро за мене, туку секогаш пророкува лошото; тој е Михеј, син Јемлиев.« Јосафат му рече: »Не зборувај така, цару!«
А царот израилски Ахав и Јосафат, царот јудејски, седеа секој на престолот свој, облечени во царска облека, седеа на плоштадот пред Самариските порти, и сите пророкуваа пред нив.
Испратениот, што отиде да го повика Михеја, му рече: »Ене, пророците едногласно му претскажуваат добро на царот; и твојот збор нека биде таков, како на секого од нив: изречи и ти добро.«
Кога дојде при царот, а царот му рече: »Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или да се воздржиме?« Тој одговори: »Одете, ќе имате успех; тие ќе бидат предадени во рацете ваши.«
Тогаш Михеј рече: »Ги видов сите синови на Израилот, распрснати по горите како овци без пастир, – и Господ рече: ‚тие немаат водач, секој нека се врати со мир во домот свој!‘«
И царот израилски му рече на Јосафата: »Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи ги царските одежди.« И се преоблече царот израилски, и влегоа во битка.
А кога началниците на колите го видоа Јосафата, си помислија: тоа е царот израилски, – и го опколија, за да се удрат со него. Но Јосафат извика, и Господ му помогна, и Бог ги одврати од него.
Во тоа време еден човек го затегна случајно лакот свој и го рани израилскиот цар низ составот на оклопот негов. И тој му кажа на човекот: »Врати се назад и изведи ме од војската, зашто сум ранет.«