И ги собра свештениците и левитите и им рече: »Одете по градовите на Јудеја и секоја година собирајте од сите Израилци сребро за одржување на домот на нашиот Бог, и побрзајте во таа работа.« Но левитите не побрзаа.
И царот го повика Јодаја, нивниот главатар, и му рече: »Зошто не бараш од левитите да го донесуваат од Јудеја и Ерусалим данокот, уставновен за скинијата на собранието од Мојсеја, слуга Господов, и од Израилското собраните?«
И кога левитите, пак, го донесуваа ковчежето при царските чиновници, и тие гледаа, дека има многу сребро, доаѓаше царскиот писар и повереникот на првосвештеникот, го празнеа и пак го однесуваа и го ставаа на истото место негово. Така правеа секој ден, и собраа многу сребро.
Царот и Јодај го предаваа на распоредниците по домот Господов, и тие најмуваа каменоресци и дрводелци за подновување на домот Господов, исто така и ковачи и казанџии, за да го поправат домот Господов.
И кога завршија сѐ, му го однесоа на царот и на Јодаја останатото сребро. И направија од него садови за домот Господов, садови за служба и сепаленици, чаши и други садови, златни и сребрени. И принесуваа сепаленици во домот Господов постојано преку сите денови на Јодаја.
И го оставија домот Господов, Бога на татковците свои, и почнаа да им служат на посветените дрвја и на идолите; за таа вина нивна стана гневот Господов и врз Јуда и Ерусалим.
И Духот Божји го исполни Захарија, синот на свештеникот Јодај, и тој застана на возвишението пред народот и им рече: »Вака вели Господ: зошто ги прекршувате Господовите заповеди? Успех нема да имате: како што вие го оставивте Господа, така и Он ќе ве остави.«
Царот Јоас не се сети на доброто, што му го беше направил Јодај, таткото на Захарија, а го уби синот негов. И тој, умирајќи велеше: »Нека види Господ и нека побара;«
Откако измина годината, излезе против него сириска војска и влегоа во Јудеја и Ерусалим и ги истребија од народот сите кнезови народни и сиот плен, земен од нив и му го испратија на царот во Дамаск.
Иако сириската војска беше дошла во мал број, но Господ им предаде во рацете нивни мошне многубројна сила, затоа што Го беа оставиле Господа, Бога на татковците нивни. Тие му судеа и на Јоаса.
Кога си отидоа од него, откако го оставија во тешка болест, слугите негови направија заговор против него, заради крвта на синот на свештеникот Јодај, го убија во леглото негово, и тој умре. Го погребаа во Давидовиот град, но не го погребаа во царските гробници.
За синовите негови, за многуте пророштва против него и за обновувањето на Божјиот дом е напишано во книгата на царевите. Наместо него стана цар синот негов Амасија.