×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

2 Летописи 26

1
Сиот народ го зеде Озија, кој имаше шеснаесет години, та го постави за цар на местото на таткото негов Амасија.
2
Тој го изгради Елат и ѝ го врати на Јудеја, откако царот, таткото негов почина кај татковците свои.
3
Озија имаше шеснаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и две години; мајка му се викаше Јехолија од Ерусалим.
4
Тој вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, токму онака, како што вршеше и татко му Амасија;
5
прибегнуваше кон Бога во дните на Захарија, којшто учеше на страв Божји; и во оние денови, додека прибегнуваше кон Господа, Бог му помагаше.
6
Тој излезе и се судри со Филистејците и ги разруши ѕидовите на Гет, и ѕидовите на Јавнија, и ѕидовите на Азот; ги изгради градовите во Азотската област и кај Филистејците.
7
И Бог му помагаше против Филистејците и против Арапите, што живееја во Гур-Ваал, и против Меунците.
8
И Амонитите му плаќаа данок на Озија; и се прочу името негово дури во египетските предели, зашто беше многу силен.
9
Озија изгради кули во Ерусалим над аголните порти, над портите кон долината и на аголот, и ги зацврсти.
10
Изгради кули и во пустињата, ископа и многу кладенци, бидејќи тој имаше многу добиток, како во низините, така и во рамнината, и земјоделци и градинари по планините и на Кармил, бидејќи го сакаше земјоделството.
11
Озија имаше војска, која излегуваше во војна по одделенија, според она како што беа изброени во списокот, составен од раката на писарот Јеила, и надѕирателот Маасеја, под водството на Хананија, голем царски великодостојник.
12
Сите оценачалници, храбри војници, беа на број две илјади и шестотини,
13
и под команда на раката нивна имаше воена сила триста и седум илјади и петстотини души, кои влегуваа во битка со воинствена храброст, да му помагаат на царот против непријателот.
14
И подготви Озија за нив, за целата војска, штитови и копја, шелмови и оклопи, лакови и камења за праќки.
15
Направи во Ерусалим вешто измислени машини, да стојат на кулите и аглите, за да се фрлаат со нив стрели и големи камења. И се прочу името негово далеку, зашто се беше зацврстил чудно и беше станал многу силен.
16
Но кога стана силен, се возгордеа срцето негово за негово загинување, и тој стана престапник пред Господа, својот Бог, зашто влезе во храмот Господов за да запали темјан на кадилниот жртвеник.
17
По него отиде свештеникот Азарија и со него осумдесет Господови свештеници, одлични луѓе;
18
тие му се противставија на царот Озија и му рекоа: »Не е твоја работа, Озија, да му кадиш на Господа; тое е работа на свештениците, синови Аронови, посветени за кадење; излези од светилиштето, зашто постапи незаконито, и тоа нема да ти биде за чест пред Господа Бога.«
19
Се налути Озија, – а во раката негова имаше кадилница за кадење, и кога се налути на свештениците, се појави лепра на челото негово, пред лицето на свештениците во домот Господов, при кадилниот жртвеник.
20
Го погледна првосвештеникот Азарија и сите свештеници; и ете, имаше лепра на челото свое. Го принудија да излезе оттаму, па и самиот тој брзаше да се оддалечи, зашто го порази Господ.
21
И остана лепрозен царот Озија до денот на смртта своја, и живееше во посебна куќа и беше отстранет од домот Господов. А Јоатам, неговиот син, началствуваше над царскиот дом и управуваше со народот во земјата.
22
Другите дела Озиеви, први и последни, ги опишал пророкот Исаија, син Амосов.
23
И почина Озија при татковицте свои, и го пограбаа кај татковците негови во полето при царските гробници, зашто велеа, тој е лепрозен. А наместо него стана цар синот негов Јоатам.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки