И се заврши сета работа, што ја изврши Соломон за домот Господов. И го внесе Соломон посветеното од татка му Давида сребро и злато, и сите садови ги предаде во ризниците на Божјиот дом.
Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите началници израилски и сите племенски кнезови и сите старешини на домовите на израилевите синови, за да го пренесат Ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, односно од Сион.
А царот Соломон и сето Израилево општество, што се беше собрало при него со страв пред Ковчегот, принесуваа жртви – овци и волови, толку многу, што не беше можно да се избројат и пресметаат.
Во Ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, што Мојсеј ги беше положил на Хорив, кога Господ склучи завет со Израилевите синови, по излегувањето нивно од Египет.
тогаш сите певци – левити: Асаф, Еман, Идитун и синовите нивни и браќата нивни, облечени во тешко платно, со кимвали, псалтири и гусли стоеја на источната страна од жрвеникот, и со нив заедно сто и дваесет свештеници, трубеа со труби.
И додека трубеа и пееја како еден, испуштајќи еден глас за хвала и славословие на Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите го фалеа Господа, дека е благ, дека милоста Негова е вечна, – тогаш домот Господов се исполни со облак,