и Валат и сите градови за складови, во кои Соломон имаше житници, сите градови за коли и градови за коњица, и сѐ што сакаше да изгради Соломон во Ерусалим и во Ливан и по целата земја на своето владение.
А синовите Израилеви Соломон што не ги направи слуги за свои работи, тие беа војници и поглавари над војводите негови и заповедници на колите и коњицата негова.
Соломон ја пренесе ќерката Фараонова од Давидовиот град во домот, што го изгради за неа, зашто, велеше тој, жена не смее да живее при мене во домот на Израилевиот цар Давида, бидејќи домот е осветен: во него е влезен ковчегот Господов.
за принесување сепаленици, според наредбите секој ден, како што беше заповедал Мојсеј, во саботите и во новомесечијата и во празниците трипати во годината: во празникот на Бесквасници, во празникот на Седмици и во празникот Сеници.
И ги установи, според распоредот на татка си Давида, смените и свештениците според службата нивна, на левитите според стражите нивни, за да славословат и да служат при свештениците според уставот за секој ден, и на вратарите според смените нивни, при секоја врата, бидејќи таква беше заповедта на Давида, Божјиот човек.
И Хирам му испрати по свои слуги кораби и слуги, што го знаеја морето, и тие отидоа со слугите Соломонови во Офир, од каде што изнесоа четиристотини и педесет таланти злато, и му го донесоа на царот Соломон.