Савската царица, кога чу за славата Соломонова, дојде во Ерусалим да го искуша Соломона со гатанки; дојде со многу големо богатство и камили, натоварени со благопријатни мириси, многу злато и скапоцени камења. Дојде при Соломона и говореше со него сѐ, што ѝ беше на срце.
и јадењата на трпезата негова, и живелиштата на слугите негови, состојбата на прислужниците негови и облеката нивна, пехарниците и облеката нивна, и одот, со кој тој влегуваше во домот Господов, – беше надвор од себе си.
но јас не верував на нивните зборови сѐ, додека не дојдов и не видов со очите свои. И еве, ни половината не ми е кажано за твојата голема мудрост: ти ја надминуваш приказната, што сум ја чула.
Нека е благословен Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Својот престол за цар пред Господа, твојот Бог. Поради љубовта на твојот Бог кон Израилот, за да го зацврсти засекогаш, Он те постави за цар над него, – да делиш суд и правда.«
Потоа таа му подари на царот сто и дваесет таланти злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења: немаше нигде такви мириси, какви што Савската царица му подари на Соломона.
Царот од тоа црвено дрво направи скали за домот Господов и за царскиот дом, и гусли и псалтири за певците. Такво нешто не беше видено пред тоа во земјата Јудејска.
А царот Соломон ѝ даде на Савската царица, сѐ што посака и пожела, освен такви работи, какви што таа му беше донела. Пота таа се врати во својата земја со слугите свои.
и шест степеника до престолот и златно подножје, изградено заедно со престолот, и потпирки од двете страни на седиштето, и два лава, што стојат до потпирките.
Сите садови од кои пиеше царот Соломон беа од злато, и сите садови во домот од ливанско дрво беа од чисто злато; од сребро немаше ништо, зашто среброто во Соломоновото време не се ценеше многу.
Бидејќи царски кораби одеа во Тарсис со слугите Хирамови и секои три години корабите се враќаа од Тарсис, па донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.
Царот направи и златото и среброто во Ерусалим да бидат рамноценети со обичните камења, а кедрите, поради нивното множество, ги направи рамноценети со смоквите во низините.
Другите дела Соломонови, први и последни, опишани се во записите на пророкот Натана и во пророштвото на Силомаецот Ахија и во виденијата на јасновидецот Јоила за Јеровоама, Наватовиот син.