×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Ездра 1

1
Во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни словото Господово од устата на Јеремија, го возбуди Господ духот на Кира, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото царство, усно и писмено:
2
вака вели Кир, царот персиски: »Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да му изградам дом во Ерусалим што е во Јудеја.
3
Кој меѓу сите вас е од Неговиот народ, – Бог нека биде со него, и нека оди во Ерусалим, кој е во Јудеја, да гради дом на Господа, Бога Израилев, на оној Бог, Кој е во Ерусалим.
4
А сите, што останале во другите места, каде и да живее тој, нека му помогнат жителите од тоа место со сребро, со злато, со друг имот, со добиток и доброволни прилози за Божјиот дом, кој е во Ерусалим.«
5
Тогаш станаа кнезовите на племињата Јудини и Венијаминови, свештениците и левитите, секој, чиј дух го возбуди Господ, да одат да го градат Господовиот дом, кој е во Ерусалим.
6
И сите нивни соседи им помагаа со сребрени садови, со злато, со друг имот и со добиток и со скапи предмети, покрај доброволните прилози за храмот.
7
А царот Кир ги извади садовите на Господовиот дом, што Навуходоносор ги беше одзел од Ерусалим и ги беше поставил во домот на својот бог, –
8
ги изнесе Кир, царот персиски, со раката на Митридат, ризничар, а тој ги предаде под број на Сасавасар, кнез Јудин.
9
И еве го бројот нивни: златни чинии – триесет, сребрени чинии – илјада, ножеви – дваесет и девет.
10
златни чаши – триесет, сребрени чаши, двојни – четирисротини и десет, други садови – илјада;
11
вкупно садови, златни и сребрени, – пет илјади и четиристотини. Сето тоа го зеде со себе си Сасавасар, кога преселниците тргнаа од Вавилон за Ерусалим.
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте Белешки