БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни Господовиот збор, објавен преку Еремиевата уста, Господ го вдахнови персискиот цар Кир, та тој објави, усно и писмено, низ целото свое царство: |
| 2 |
| „Вака вели персискиот цар Кир: Сите земни царства ми ги даде Господ, небесниот Бог. Тој ми нареди да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја. |
| 3 |
| Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, неговиот Бог нека биде со него! Нека оди во Ерусалим во Јудеја, и нека Му гради Дом на Господа, на Израелевиот Бог, на Бога Кој е во Ерусалим. |
| 4 |
| И каде уште да се задржал Остаток од тој народ, жителите во местото каде што престојува нека го помогнат со сребро и злато, со имот и добиток и со доброволни приноси за Божјиот Дом во Ерусалим.” |
| 5 |
| Тогаш главатарите на татковските домови на Јуда и Венијамин, свештениците и левитите, и сите на кои Бог им го подигна духот, станаа и тргнаа да го градат Господовиот Дом во Ерусалим. |
| 6 |
| И сите соседи им помагаа: со сребро, злато, со дарови, со добиток, со многу скапоцености, покрај сè што приложуваа доброволно. |
| 7 |
| Царот им ги изнесе посатките на Господовиот Дом, кои Навуходоносор ги беше однесол од Ерусалим и ги ставил во домот на својот Бог. |
| 8 |
| Персискиот цар, му ги врачи на ризничарот Митридат, кој му ги изброја на јудејскиот кнез Сасавасар. |
| 9 |
| Еве го неговиот попис: златни чинии: триесет; сребрени чинии: илјада и дваесет и девет; |
| 10 |
| златни чаши: триесет; сребрени чаши: четири стотини и десет; други посатки: илјада. |
| 11 |
| Вкупно златни и сребрени посатки: пет илјади и четири стотини. Сасавасар го однесе сè тоа, кога заточениците се враќаа од Вавилон во Ерусалим. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/ezra/001.mp3
10
1