Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Додека Ездра така се молеше И исповедаше, плачејќи и лежејќи пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израилот, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу. |
| 2 |
| Тогаш се јави Сехенија, синот Јеилев од синовите Еламови, и му рече на Ездра: »Згрешивме пред нашиот Бог, зашто земавме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израилот во таа работа; |
| 3 |
| да се заветува сега пред нашиот Бог, дека ќе ги отпуштиме сите другоплемени жени и родените од нив деца, – и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде. |
| 4 |
| Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!« |
| 5 |
| Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израил да положат клетва, дека ќе направат така. И тие се заколнаа. |
| 6 |
| Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради претстапите на преселниците. |
| 7 |
| И им соопштија по Јудеа и во Ерусалим на сите, што беа во пленство, да се соберат во Ерусалим, |
| 8 |
| а на оној што не ќе дојде за три дни, ќе му се одземе имотот, по решение на кнезовите и старешините, целиот имот негов, а самиот тој ќе биде отсранет од општеството на преселниците. |
| 9 |
| И во тие три дни се собраа во Ерусалим сите жители на Јудеа и на земјата Венјаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месецот. Седеше сиот народ на плоштадот пред Божјиот дом и трепереше, како поради таа работа, така и од дождот. |
| 10 |
| Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: »Вие направивте престап, земајќи жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израилот; |
| 11 |
| затоа, покај те се пред Господа Бога на вашите татковци, и исполнете ја волјата Негова, одвојте се од народите на таа земја им од жените од други племиња.« |
| 12 |
| Целото собрание одговори и рече со силен глас: »како што рече, така и ќе направиме. |
| 13 |
| Но народот е многуброен, и времето е сега дождовно, та неможе да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешивме многу во таа работа. |
| 14 |
| Нека се изберат заменици на кнезовите за целото општество, и сите во нашите градови, што зеле жени од други племиња, да доаѓаат тука во определено време заедно со старешините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.« |
| 15 |
| Тогаш се зафатија со таа работа Јонатан, син Асаилов, И Јасија, син Текуев, а Месолам И Саватај, левит, беа нивни помошници. |
| 16 |
| Така направија дојдените од пленство. За тоа беа одредени: свештеникот Ездра, началниците од секое нивно поколение, и старешините на нивните домови сите по име. Тие се собраа на заседание во првиот ден на десеттиот месец, за да ја испитаат таа работа; |
| 17 |
| и го извршија испитувањето за сите, што беа зеле жени од други племиња, кон првиот ден од првиот месец. |
| 18 |
| И се најдоа од свештеничките синови, што беа зеле жени од други племиња, – од синовите на Исуса, синот Јоседеков и бараќата негови: Маасија, Елиезер, Јарим и Гадалија; |
| 19 |
| тие ја дадоа раката своја за уверување, дека ќе ги напуштат жените свои и дека, како виновни, ќе принесат жртва по еден овен за вината своја; |
| 20 |
| Од Имеровите синови: Ананиј и Завдија; |
| 21 |
| Од Харимовите синови: Маасија, Елија, Самија, Јеил и Озија; |
| 22 |
| Од Пасхоровите синови: Елиоинај, Масија, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа; |
| 23 |
| Од левитите: Јозавад, Симеј и Ќелаја, тој е и Ќелит, Патахија, Јуда и Елиезер; |
| 24 |
| Од певците: Елисав; Од вратарите, Салум, Телем и Уриј; |
| 25 |
| А од Израилиците, – Фаресовите синови: Рамија, Азија, Мелхија, Мелмин, Елеазар, Асавија и Венеја; |
| 26 |
| Од синовите Иламови: Матанија, Захарија, Јаил, Авдиј, Јеримот и Елија; |
| 27 |
| Од синовите Затуеви: Елионај, Елисув, Матанај, Армот, Завад и Озиз; |
| 28 |
| Од синовите Вавениеви: Јоанан, Ананија, Завуј и Атлај; |
| 29 |
| Од синовите Вануеви: Месолам, Малух, Адаја, Јасуф, Саал и Римот; |
| 30 |
| Од синовите на Фат-Моава: Еднеа, Халил, Ванаја, Маасија, Матанија, Веселеил, Вануј и Манасија; |
| 31 |
| Од синовите Иримови: Елиезер, Јесија, Мелхија, Самаја, Симеон. |
| 32 |
| Венјамин, Валух, Самарија; |
| 33 |
| Од синовите Асимови: Метанија, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Семеј; |
| 34 |
| Од синовите Ваниеви: Мадија, Амрам и Уил. |
| 35 |
| Ванаија, Вадаја, Хелија, |
| 36 |
| Ванија, Маримот, Елијасиф, |
| 37 |
| Матанија, Матанај, Јаасај, |
| 38 |
| Синови Ваниеви, и синови Семееви, |
| 39 |
| Салемија, Натан, Адаија, |
| 40 |
| Махнада, Авусесеј, Аруесрил, |
| 41 |
| Азариел, Селемиј, Семарија, |
| 42 |
| Салум, Амарија и Јосиф |
| 43 |
| Од синовите Невови: Јеил, Мататија, Завад, Зевенај, Јадај, Јоил и Ванеја. |
| 44 |
| Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/ezra/010.mp3
10
10