и дојдоа тие при Зороавела и при кнезовите на родовите и им рекоа: »Ќе градиме и ние со вас, зашто и ние како вас прибегнуваме кон вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Асардана, асирскиот цар, кој ни пресели овде.«
Им одговорија Зороавел, Исус и другите кнезови на родовите израилски: »Не бива да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господа, Бога Израилев, како што ни заповеда Кир, царот персиски.«
Исто така во дните на Артаксеркса пишуваа и Бислам и Митридат, и Гавеил и други нивни другари до Артаксеркса, царот персиски. Писмото беше напишано со сириско писмо и на сириски јазик.
и други народи, што ги пресели големиот и славниот Асенафар и ги насели во градовите самариски и во другите градови од онаа страна на реката, и други народи.
Да знаеш, царе, дека Јудејците, што излегоа од тебе и дојдоа при нас во Ерусалим, тој бунтован и лош град, прават ѕидови, чии темели веќе ги поправија.
Но да знаеш, царе, дека, ако тој град биде изграден и ѕидиштата негови обновени, тие нема да плаќаат ни данок, ни плодови, ни царина, и царската ризница ќе има загуба.
Нека се побара во книгата на спомените на татковците твои, – и ќе се најде во таа книга на спомени и ќе се дознае дека овој град е град одметник и пакостен за царевите и областите и дека во него настанувале бунтови во старо време, поради што овој град бил опустошен.
Царот му испрати одговор на Реума, старешината, Валтам и на Сампфа, писарот, и на другите нивни другари, што живеат во Самарија и во другите градови од онаа страна на реката: Мир… итн.
Штом писмото на царот Артаксеркс беше прочитано пред Реума и Сампфа, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим при Јудејците и со силно вооружена рака им ги забранија работите.