Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Еве ги старешините на домовите и родословите на оние, кои со мене излегоа од Вавилон, во царувањето на царот Артаксеркс: |
| 2 |
| од Финесовите синови – Гирсон; од Итамаровите синови – Даниил; од Давидовите синови – Атус; |
| 3 |
| од Саханиевите синови, од Форосовите синови – Захарија и со него по список сто и педесет мажи; |
| 4 |
| од Фат-Моавите синови – Елијан, син Зераев, и со него двесте души од машки пол; |
| 5 |
| од синовите на Затојас – Сехенија, син Азиилев, и со него триста мажи; |
| 6 |
| од Адиновите синови – Овин, син Јонатанов, и со него педесет души од машки пол; |
| 7 |
| од Еламовите синови – Исаија, син Аталиин, и со него седумдесет мажи; |
| 8 |
| од Сафатиевите синови – Завдија, син Михаилов, и со него осумдесет души од машки пол; |
| 9 |
| од Јоавовите синови – Авдија, син Јеилев, и со него двесте и осумдесет мажи; |
| 10 |
| од синовите на Ваанија – Селимут, син Јосефиев, и со него сто и шеесет души од машки пол; |
| 11 |
| од Вавиевите синови – Захарија, син Вавиев, и со него дваесет И осум мажи; |
| 12 |
| од Азгадовите синови – Јоанан, син Икатанов, и со него сто и десет души од машки пол; |
| 13 |
| од синовите Адоникамови излегоа последни од нив; еве ги имињата нивни: Едифалат, Јеил, и Самаја, и со нив шеесет мажи; |
| 14 |
| од Вагуевите синови – Утај и Завуд, и со нив седумдесет души од машки пол. |
| 15 |
| Ги собрав кај реката, која што се влива во Ава, и таму престојувавме три дена, и, кога го прегледав народот и свештениците, не најдов таму од Левиевите синови. |
| 16 |
| Тогаш испратив да го повикаат Елеазера, Ариила, Семеја, Елнатана, Јарива, Натана, Захарија и Месолама – старешините, и Јоарима и Елнатана – учените; |
| 17 |
| и им дадов порака за Идо, началникот во месноста Касфија, и ги поучив како да му зборуваат на Идоа и на браќата негови, Нетинејците во месноста Касфија, за да ни доведат певци за домот на нашиот Бог. |
| 18 |
| И тие ни доведоа – бидејќи благодатната рака на нашиот Бог беше над нас – еден умен човек од синовите на Махлија, син Левиев, син Израилев, односно Серевија со синовите негови и браќата негови – осумнаесет души; |
| 19 |
| и Асевија и со него Исаија од синовите Мерариеви, неговите браќа и нивните синови – дваесет; |
| 20 |
| И од Нетинејците, што ги беше дал Давид И кнезовите негови за послуга на левитите, двесте И дваесет Нетинејци; сите тие беа запишани поименично. |
| 21 |
| Тогаш објавив таму пост при реката Ава, за да се смириме пред лицето на нашиот Бог И да измолиме од него успешен пат за себеси, за децата свои И за целиот наш имот, |
| 22 |
| бидејќи ми беше срам да барам од царот војска И коњаници да ни чуваат од непријател по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: »раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а над сите, што Го оставаат, стои силата Негова И гневот Негов!« |
| 23 |
| И така ние постевме и го молевме нашиот Бог за тоа, и Он ни услиши. |
| 24 |
| Тогаш одвоив дванаесет души од началниците над свештениците: Сариаја и Асавија, и со нив десетина од браќата нивни; |
| 25 |
| и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, – си што беше жртвувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израилци, што беа таму. |
| 26 |
| И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро – шестотини и педесет таланти, и сребрени садови – за сто таланти, злато – сто таланти, |
| 27 |
| златни чаши – дваесет, за илјада драхми, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато. |
| 28 |
| И им реков: »Вие сте светиња на Господа, и садовите се светиња, и среброто и златото – доброволен прилог на Господа, Бог на татковците ваши. |
| 29 |
| Бидете будни и запазете го тоа, додека го предадете со мерка на началниците над свештениците, левитите и старешините Израилеви во Ерусалим, во ризницата при домот Господов.« |
| 30 |
| Свештениците и левитите го примија измереното сребро, злато и садови, за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог. |
| 31 |
| Тогаш тргнавме од реката Ава на дванаесеттиот ден од првиот месец, за да одиме во Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и ни чуваше од непријателска рака и од оние, што ни зачекуваа на патот. |
| 32 |
| И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни. |
| 33 |
| На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите ве домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Маримота, син Уриев, и со него на Елеазара, син Финесов, и со нив на Јозавада, син Исусов, и на Ноадија, син Ванаев – левити, |
| 34 |
| си под број и со мера. И сето измерено беше истовремено запишано. |
| 35 |
| Дојдените преселеници од пленство Му принесоа сепаленици на Бога Израилев дванаесет телиња за сиот Израил, деведесет и шест овни, седумдесет И седум јагниња и дванаесет козли како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господа. |
| 36 |
| И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните кнезови, и тие го почитуваа народот и домот Божји. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/ezra/008.mp3
10
8