И другиот народ, свештеници, левити, вратари певци, Нетинејци и сите, што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, ќерките нивни, сите, што можеа да разберат,
се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со клетва и проклетство – дека ќе постапуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мојсеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господа, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови.
и кога туѓите народи ќе дотераат добиток и сѐ за продавање во сабота, да не земаат од нив во сабота и во свештениот ден, и на седмата година да проштеваа секакви долгови.
за лебовите на предложението, за постојаниот лебен принос и за постојаната сепаленица, за саботите, за новомесечијата, за празниците, за свештените предмети и за жртвите за грев, за очистување на Израилот, и за сѐ што се врши во домот на нашиот Бог.
И фрливме жреб ние, свештениците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во одредено време секоја година да ги дотерува во домот на нашиот Бог, за да горат врз жртвеникот на Господа, како што е запишано во Законот.
исто така – да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, првородените од крупниот и ситниот добиток свој.
И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и елеј ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите при домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десетотк во сите градови, каде што имаме земјоделство.
При левитите, кога собираат левитски десеток, ќе има свештеник, син Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите одредени за клетови.
Зашто во тие простории како Израилевите синови, така и левитите се должни да носат сѐ, што се принесува како дар: жито, вино и елеј. Таму се и свештените садови, и свштениците што служат, и вратарите и певците. И ние нема да го оставиме домот на нашиот Бог.