Кога Санавалат, Товиј, Арабјанецот Гисем и другите наши непријатели чуле дека го обновив ѕидот и дека не остана пролом во него - имено до тоа време не ги имав наместено крилата на вратите -
Затоа им испратив гласници со овој одговор: „Зафатен сум со голема работа и не можам да слезам: работата ќе заостане ако ја оставам, за да дојдам кај вас!”
Во него пишуваше: „Се слуша во народот - а Гасмуј потврдува - дека ти и Јудејците се подготвувате за бунт; затоа и го градиш ѕидот, и дека сакаш да станеш нивни цар, како што велат.
И дека си поставил пророци за да го разгласат твојот успех во Ерусалим и да речат: ‘Јудеја има цар!’ Сега тие гласови ќе стигнат до ушите на царот: затоа дојди за да се посоветуваме.”
Зашто тие сакаа да нè уплашат, говорејќи: „Ќе им се изнемоштат рацете од работа, и никогаш нема да ја завршат.” А јас напротив, ги закрепнав своите раце!
Отидов кај Семај, синот на Далаја, син Метавеилов, кој се беше затворил во својата куќа. Тој ми објави: „Да се најдеме во Божјиот Дом сред Храмот, и да ја затвориме вратата на Храмот, зашто ќе дојдат да те убијат. Да, уште ноќеска ќе дојдат да те убијат!”
Зашто мнозина во Јудеја беа поврзани со заклетва со него: та беше во роднинство со Сеханиј, синот Арахов, и со неговиот син Јоанан, кој ја зеде за жена ќерката на Месулам, синот Варахиев.