Во третиот ден, откако прекрати да пости ги соблече молитвенитеоблеки и се облече во царската облека, и застана во внатрешниот трем на царевата куќа, спроти царскиот дом; а царот седеше на својот царски престол во царскиот дом, спроти влезот на куќата.
И кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот; таа најде благодат пред него и царот го испружи златниот жезол што го држеше во раката, кон Естира; а Естира се доближи и се допре до крајот на жезолот.
ако најдов милост во царевите очи и ако му е угодно на царот да ми даде што молам и да направи што сакам, царот да дојде повторно со Амана на гозба што утре ќе ја подготвам за нив, и тогаш ќе постапам според царскиот збор.”
Во тој ден Аман излезе среќен и со задоволно срце, но се расрди многу на Мардохеја кога виде дека при царската врата не стана ниту се помрдна пред него.
Им раскажуваше за блесокот на своето богатство, за мноштвото свои синови и за сè она со што царот го возвеличи и со што го издигна над сите свои кнезови и службеници.
Аман уште додаде: „И царицата Естира не повика покрај царот никој друг, освен мене на гозбата што ја подготвила. И утре покрај царот само јас сум нејзин гостин.
Неговата жена Сереса му рече, и сите негови пријатели: „Направи бесилка висока педесет лакти. Утре наутро побарај од царот нека го обесат на неа Мардохеја. Потоа оди среќен со царот на гозба.” Советот му се виде добар на Амана, па тој нареди да се направи бесилката.