|
| 1 |
|
| и дотегна на душата моја мојот живот; ќе се предадам на тагата своја; ќе говорам со горчината на душата своја. |
|
| 2 |
|
| Ќе му речам на Господа: »Не ме обвинувај; кажи ми зошто се бориш со мене? |
|
| 3 |
|
| Мило ли тие е да ме измачуваш, да го презираш делото на рацете Свои, а намерите на нечесните да ги помагаш? |
|
| 4 |
|
| Зар имаш телесни очи? Гледаш ли како што гледа човек? |
|
| 5 |
|
| Зар Твоите дни се како дните на смртните, или Твоите години се како дните на човек, |
|
| 6 |
|
| та бараш порок во мене и бараш грев во мене, |
|
| 7 |
|
| макар што добро знаеш дека сум невин и дека нема кој да ме спаси од раката Твоја? |
|
| 8 |
|
| Твоите раце ме создале и ме оформиле, и Ти сега од сите страни ме поништуваш? |
|
| 9 |
|
| Сети се дека како глина си ме замешал, та пак ли во прав ќе ме претвориш? |
|
| 10 |
|
| Нели Ти ме излеа како млеко, и ме згусти како сирење? |
|
| 11 |
|
| Со кожа и плот ме облече, со коски и жили ме стегна, |
|
| 12 |
|
| живот и милост ми дарува, и Твојат грижа го чуваше духот мој? |
|
| 13 |
|
| Но и тоа во срцето Свое го криеше, знам дека тоа е во Тебе, |
|
| 14 |
|
| дека, ако згрешам, Ти ќе забележиш и нема да го оставиш гревот мој без казна. |
|
| 15 |
|
| Ако сум виновен, тешко ми мене! Ако сум прав, не ќе смеам да кренам глава. Од срам сум скршен, гледајќи ја маката своја. |
|
| 16 |
|
| Ако се исправам, како лав ме гониш, силата Своја на мене ја покажуваш со чудеса. |
|
| 17 |
|
| Обвинувања нови подигаш против мене; го засилуваш гневот Свој против мене; со нови сили се креваш против мене. |
|
| 18 |
|
| И зошто ме изведе од утробата? Да бев умрел кога ничие око уште не ме беше видело; |
|
| 19 |
|
| о, да бев пренесен од утробата во гроб, како да ме немало! |
|
| 20 |
|
| Нели се малку деновите мои? Остави ме уште малку да се радувам, |
|
| 21 |
|
| пред да појдам на пат без враќање – во земјата на темнината и смртната сенка, |
|
| 22 |
|
| во земјата на густата темнина, каде што нема уредба, каде што светлината е слична на најцрната ноќ.« |
|
|
|
|