|
| 1 |
|
| Јов проговори и рече: |
|
| 2 |
|
| „Навистина, вие сте само луѓе, мудроста ќе изумре со вас. |
|
| 3 |
|
| Но и јас знам да мислам како и вас, во ништо не сум полош од вас: кој не знае за такви работи? |
|
| 4 |
|
| Им станав потсмев на моите пријатели, зашто го повикувам Бога да ми одговори! Јас сум за потсмев: непорочниот праведник! |
|
| 5 |
|
| Тој кој е близу да се клизне со нозете, е како презрен светилник во мислите на оној кој живее спокојно. |
|
| 6 |
|
| Дотогаш се во мир шаторите на грабачите, предизвикувачите на Бога живеат безгрижно, зашто Бог ги снабдува со Својата рака! |
|
| 7 |
|
| Но, прашај ги животните, и ќе те поучат; прашај ги небесните птици, и ќе ти објаснат. |
|
| 8 |
|
| Земните гуштери ќе ти го протолкуваат тоа, рибите во морето ќе ти раскажат. |
|
| 9 |
|
| Од создавањето на светот, кој од нив не знае, дека Божјата рака го создаде сè тоа. |
|
| 10 |
|
| Во неговата рака лежи животот на секое суштество и животворниот здив на секое човечко тело. |
|
| 11 |
|
| Зар со увото ние не ја распознаваме беседата како што со јазикот го испитуваме вкусот на јадењето? |
|
| 12 |
|
| Седите коси му донесуваат мудрост на човекот, а со долгиот век му доаѓа умноста. |
|
| 13 |
|
| Но во Него е мудроста и силата, во Него се советот и сета разумност. |
|
| 14 |
|
| Што ќе разурне, никој не ќе го изгради, кого ќе го затвори, никој не го ослободува. |
|
| 15 |
|
| Ако ја задржи водата, постанува суша, ако ја пушти, целата земја ја избуричкува. |
|
| 16 |
|
| Зашто во Него се силата и сета мудрост, Негови се измамениот и измамникот. |
|
| 17 |
|
| Тој ги лишува советниците од разум, умните судии ги прави глупави. |
|
| 18 |
|
| Тој го распашува појасот на царевите и со јаже им го врзува бедрото. |
|
| 19 |
|
| Тој ги тера првенците боси и ги симнува од власт силниците. |
|
| 20 |
|
| Тој го одзема зборот од устата на зборливите и од старците вистинското расудување. |
|
| 21 |
|
| Тој излева презир врз првенците и ги распашува бедрата на јунаците. |
|
| 22 |
|
| Тој ги открива темнините на длабочините и смртната сенка ја изведува на светлина. |
|
| 23 |
|
| Тој го издига народот, па го уништува, го умножува, а потоа го искоренува. |
|
| 24 |
|
| Тој ги залудува владетелите на народите, па лутаат по непроодни пустини |
|
| 25 |
|
| и пипаат во темнина без светлина, залетнувајќи како пијаници.” |
|
|
|
|