|
| 1 |
|
| »Роден од жена, човекот е кратковечен и презаситен од неволји: |
|
| 2 |
|
| како цвеќе никнува и бргу овенува; како сенка бега и не се запира. |
|
| 3 |
|
| И врз него ли ги отвораш Ти очите Свои, и пред Себе на суд го водиш? |
|
| 4 |
|
| Кој ќе се роди чист од нечист? Ниеден. |
|
| 5 |
|
| Па кога дните му се определени, кога бројот на месеците од Тебе зависи, ако си му определил меѓа, преку која не може да мине, |
|
| 6 |
|
| тогаш оддалечи се од него: нека си здивне додека како наемник не го заврши денот свој. |
|
| 7 |
|
| За дрвото сепак има надеж, дека тоа, макар и да биде пресечено, пак ќе оживее, фиданки од него непрестајно избиваат, |
|
| 8 |
|
| макар и да е остарен коренот негов во земјата, и пенушката да му замрела во прав, |
|
| 9 |
|
| но, штом ќе осети вода, тоа дава младици и пушта фиданки, како да е одново посадено. |
|
| 10 |
|
| А човекот умира и истлејува; си оди, и каде е тој? |
|
| 11 |
|
| Истечуваат водите од морето, и реката секнува и пресушува: |
|
| 12 |
|
| така човекот ќе легне и нема да стане; до свршетокот на небото нема да се разбуди и нема да се разбуди од својот сон. |
|
| 13 |
|
| О, да беше ме сокрил и криел во пеколот, додека да мине гневот Твој, да беше ми одредил рок и после да си спомнеше за мене! |
|
| 14 |
|
| Кога ќе умре човек ќе живее ли пак? Во сите денови на одреденото време би чекал додека ми дојде смената. |
|
| 15 |
|
| Ти би викнал, и јас би Ти дал одговор, и Ти би покажал благоволение кон созданието на Твоите раце; |
|
| 16 |
|
| а сега ги броиш стапките мои и го демнеш секој мој грев; |
|
| 17 |
|
| во свиок го запечати беззаконието мое, и секоја вина моја ја запиша. |
|
| 18 |
|
| Но планината паѓајќи се руши, и карпата се поместува од местото свое; |
|
| 19 |
|
| водата ги излижува камењата; сливот го одвлекува земниот прав: така ја унишутваш Ти и надежта на човекот. |
|
| 20 |
|
| Го притискаш докрај, и тој заминува; го менуваш лицето негово и го испраќаш. |
|
| 21 |
|
| На почит ли се децата негови – тој не знае; унижени ли се – тој не забележува; |
|
| 22 |
|
| но плотта на него боледува, и душата во него страда.« |
|
|
|
|