|
| 1 |
|
| „Човек кого жена го родила е кусовечен и полн со неволји. |
|
| 2 |
|
| Како цвет никне и веќе венее, бега како сенка, не застанувајќи. |
|
| 3 |
|
| Зар ги отвораш очите врз таков и го изведуваш на суд пред Тебе? |
|
| 4 |
|
| Кој ќе извлече чисто од нечисто? Никој! |
|
| 5 |
|
| Зашто неговите денови се доброени, од Тебе зависи бројот на неговите месеци, кога му поставуваш непреминлива граница. |
|
| 6 |
|
| Симни го од него погледот за да може да почине, како наемникот што го довршува својот ден. |
|
| 7 |
|
| Па ни на дрвото не му пропадна сета надеж, пресечено, тоа пак раззеленува и нови младици никнуваат од него. |
|
| 8 |
|
| Ако неговиот корен и остарее во земјата, ако неговата пенушка се исуши во прав, |
|
| 9 |
|
| штом ќе почувствува вода, тоа ќе распапи и ќе пушти гранки како ново стебло. |
|
| 10 |
|
| Но кога човекот умре, останува покосен, кога смртникот издивне, каде е тој тогаш? |
|
| 11 |
|
| Сета вода од морето може да испари, и да секнат реките, да пресушат сосем, |
|
| 12 |
|
| но човекот кога ќе легне, не станува веќе, додека се небесата, не ќе се крене. |
|
| 13 |
|
| О, кога би сакал да ме скриеш во Шеолот, да ме засолниш додека не Ти помине гневот, да ми определиш рок, кога ќе си спомниш за мене! |
|
| 14 |
|
| Зашто, кога човекот умре, зар може да оживее? Би те чекал во сите денови на своето војување, додека не дојдеш да ми дадеш смена. |
|
| 15 |
|
| Би ме повикал, а јас би се одѕвал; имаш желба за делото на Своите раце. |
|
| 16 |
|
| А сега дебнеш над секој мој чекор, не сакаш да ми простиш ниеден грев, |
|
| 17 |
|
| го запечати мојот престап во вреќа и ја криеш сета моја вина. |
|
| 18 |
|
| Навистина! Како што еднаш се урна планината, како што стената се одмести од своето место, |
|
| 19 |
|
| како што водата со време, го рони каменот, а поројниот дожд со буица ја испира сета земја, така ја уништуваш надежта во човекот. |
|
| 20 |
|
| Го притеснуваш - тој си оди засекогаш со изменето лице, го испраќаш. |
|
| 21 |
|
| Му ги почитуваат децата - за тоа ништо не знае; ако се презрени не размислува за тоа. |
|
| 22 |
|
| Тој единствено страда заради своето тело, тој единствено тагува заради својот живот.” |
|
|
|
|