|
| 1 |
|
| Проговори Елифаз од Темна и рече: |
|
| 2 |
|
| »Ќе одговара ли мудриот со празни знаења и ќе го полни ли стомакот свој со врел ветар? |
|
| 3 |
|
| Ќе се оправдува ли со бескорисни зборови, и со зборови, што немаат никаква сила? |
|
| 4 |
|
| Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш. |
|
| 5 |
|
| Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите. |
|
| 6 |
|
| Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе. |
|
| 7 |
|
| Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден? |
|
| 8 |
|
| Зарем си ги слушал тајните Божји и за сѐ мудрост си придобил? |
|
| 9 |
|
| Што знаеш ти, што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас? |
|
| 10 |
|
| Меѓу нас има и седокоси, и старци, коишто според деновите го надминуваат татко ти. |
|
| 11 |
|
| Зар се за тебе малку Божјите утехи? И Неговите благи зборови? |
|
| 12 |
|
| Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш? |
|
| 13 |
|
| Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови? |
|
| 14 |
|
| Што е човек, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен? |
|
| 15 |
|
| Ете, Он и на светите Свои не се доверува, и небесата се нечисти во Неговите очи: |
|
| 16 |
|
| толку повеќе е нечист и разтлеен човекот, којшто го пие беззаконието како вода. |
|
| 17 |
|
| Јас ќе ти говорам, слушај ме; ќе ти раскажам она што сум видел, |
|
| 18 |
|
| што го слушале мудрите и не го сокриле слушнатото од татковците свои, |
|
| 19 |
|
| на кои им била дадена оваа земја, каде туѓинец никогаш не стапнал. |
|
| 20 |
|
| Нечесниот се мачи себеси преку сите свои денови, годините му се одброени на потисникот; |
|
| 21 |
|
| звук од ужас секогаш е во ушите негови; додека мирува, погубникот налетува на него. |
|
| 22 |
|
| Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч. |
|
| 23 |
|
| За парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт. |
|
| 24 |
|
| Го плаши нуждата и теснотијата; го надвива; како цар, готов за бој, |
|
| 25 |
|
| затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Вседржителот, |
|
| 26 |
|
| се спуштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови; |
|
| 27 |
|
| затоа што го покрил лицето со маста своја и ги здебелил бедрата свои. |
|
| 28 |
|
| И тој се населува во разурнати градови, во куќи, каде што не се живее; и што приготвил за себе други ќе однесат. |
|
| 29 |
|
| Тој нема да се збогати, и имотот негов нема да напредува; ниту поседот негов ќе се рашири по земјата. |
|
| 30 |
|
| Нема да избега од темнината; пламен ќе ги исуши ветките негови, и со дување пламен од уста ќе изчезне. |
|
| 31 |
|
| Заблудениот нека не ѝ се доверува на суетата, затоа што суетата ќе биде и платата негова. |
|
| 32 |
|
| Тој предвреме ќе умре, и ветките негови никогаш нема да се зеленеат. |
|
| 33 |
|
| Ќе го фрли тој како лоза неузреаното грозје свое, како маслинка ќе го истресе цветот свој. |
|
| 34 |
|
| Така ќе опустее домот на нечестивиот, и оган ќе ги голтне шаторите на поткупништвото. |
|
| 35 |
|
| Тој зачна зло и роди лага, во утробата негова подготвува измама.« |
|
|
|
|