Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| »Дишењето ми ослабна; дните мои гаснат; гробишта има пред мене. |
| 2 |
| Да не беше нивниот потсмев, тогаш и покрај нивните приговори окото мое ќе беше спокојно. |
| 3 |
| Заштити ме, заложи се Сам за мене пред Себе! Инаку, кој ќе се заложи за мене? |
| 4 |
| Зашто Ти го затвори срцето нивно за да не можат да разбираат, и затоа нема да им дозволиш да ликуваат. |
| 5 |
| Кој им го дели на пријателите свои имотот свој, на неговите деца очите им истечуваат. |
| 6 |
| Он ме прави приказ кај луѓето и секој може в лице да ми плукне. |
| 7 |
| Окото мое од тага ми потемне, а рацете и нозете од слабост ми треперат. |
| 8 |
| Праведните ќе се зачудат на тоа и невините ќе негодуваат против беззакониците. |
| 9 |
| Но праведникот ќе се држи цврсто за својот пат, и чистиот во рацете сѐ повеќе и повеќе ќе се зацврстува. |
| 10 |
| Вратете се сите вие и одете си; нема да најдам мудар меѓу вас. |
| 11 |
| Дните мои изминаа; мислите мои – тежина на срцето мое – се разбиени. |
| 12 |
| Во ноќта најцрна нов ден се приближува, се приближува светлината што темнината ја гони. |
| 13 |
| А мојата надеж е да појдам во гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја; |
| 14 |
| на гробот ќе му речам: ти си ми татко, а на црвот – ти си мајка и сестра. |
| 15 |
| Каде е надежта моја? И кој некогаш ќе го види доброто што го очекувам? |
| 16 |
| Ќе слезе таа во пеколот и заедно во правот ќе почива со мене.« |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/job/017.mp3
42
17