БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| „Здивот ми исчезнува, моите денови гаснат, ми останаа уште гробиштата. |
| 2 |
| Еве, потсмевачите ме грабнаа, од навреди не можам да затворам око. |
| 3 |
| Затоа заштити ме и биди ми сигурност, кога никој друг нејќе да ми удри во дланката. |
| 4 |
| Зашто, ги лиши од разумот нивните срца и не ќе им дозволиш да се издигнат. |
| 5 |
| Како тој што имотот им го дели на другарите, така гаснат очите на неговите деца. |
| 6 |
| На сите народи им станав за потсмев, оној - кому секој може да му плукне во лицето. |
| 7 |
| Од тага видот ми се помрачува во очите, моите делови на телото стануваат како сенка. |
| 8 |
| Заради тоа праведниците ќе се зачудат, чесните ќе избувнат против безбожниците; |
| 9 |
| непорочните ќе истраат во својот пат, човекот со чисти раце ќе зајакне уште повеќе. |
| 10 |
| Ајде, сите вие, нема ли да почнете пак, па меѓу вас не наоѓам мудар! |
| 11 |
| Дните поминаа, замислите пропаднаа, желбите на моето срце се изјаловија. |
| 12 |
| „Во најцрната ноќ, денот наближува; веќе е близу светлината до темнината.” |
| 13 |
| А мене ми е надеж да отидам во гробот и да си постелам легло во темнина. |
| 14 |
| Извикав кон распадливоста: „Ти си мој татко!” и кон црвите: „Вие сте ми мајка и сестра!” |
| 15 |
| Ама каде има уште надеж за мене? Кој ќе ја види мојата среќа некогаш? |
| 16 |
| Таа ќе слезе со мене во гробот, да се одмориме заедно во правот.” |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/job/017.mp3
42
17