|
| 1 |
|
| Проговори тогаш Елифаз од Темна и рече: |
|
| 2 |
|
| »Зар човек може да му биде користен на Бога? Човекот сам за себеси е мудар. |
|
| 3 |
|
| Се радува ли Вседржителот затоа што си праведен? И ќе има ли корист за Него, затоа што ги држиш непорочни патиштата Негови? |
|
| 4 |
|
| Зар Он, плашејќи се од тебе, ќе влезе во борба со тебе, ќе појде ли да се суди со тебе? |
|
| 5 |
|
| Навистина, твојата злоба е голема, и беззаконијата твои крај немаат. |
|
| 6 |
|
| Навистина, ти земаше залог од браќата свои за ништо и на полуголи им ги соблекуваше алиштата нивни. |
|
| 7 |
|
| На измачен од жед не му даваше вода, да се напие, а на гладен леб му откажуваше; |
|
| 8 |
|
| а на силен човек му даваше земја, и повидниот се населуваше на неа. |
|
| 9 |
|
| Вдовиците ги испраќаше без ништо, и сираците ги оставаше со празни раце. |
|
| 10 |
|
| Затоа околу тебе има стапици, и неочекуваниот ужас те збунува. |
|
| 11 |
|
| Темнина е околу тебе, во која ништо не гледаш и голема вода те покрива. |
|
| 12 |
|
| Бог не ли е повисоко од небесата? Погледај ги горе ѕвездите, колку се високо тие! |
|
| 13 |
|
| И ти велиш: ‚што знае Бог?‘ Може ли Он да суди во мрак? |
|
| 14 |
|
| Облаците се Негови завеса, така што не гледа, туку само оди по небесниот кург. |
|
| 15 |
|
| Зар ти не одиш по патот на старите, по кој оделе беззакониците, |
|
| 16 |
|
| а кои предвреме беа истребени, кога водата се беше разлеала под основите нивни? |
|
| 17 |
|
| Тие му велеа на Бога: ‚отстрани се од нас! Што ќе ни направи Вседржителот?‘ |
|
| 18 |
|
| Он ги полнеше со богатство куќите нивни. – Но далеку да е од мене советот на нечестивите! |
|
| 19 |
|
| Ќе видат праведници и ќе се радуваат, а непорочните ќе им се потсмеваат. |
|
| 20 |
|
| Зар не пропадна имотот нивни, а остатокот оган го гори. |
|
| 21 |
|
| Зближи се со Него – и ќе бидеш спокоен; преку тоа ќе ти дојде доброто. |
|
| 22 |
|
| Прими го од устата Негова законот и стави ги зборовите Негови во срцето свое. |
|
| 23 |
|
| Ако се обрнеш кон Вседржителот, одново ќе се средиш; ќе го отстраниш беззаконието од шаторот свој |
|
| 24 |
|
| и ќе ја фрлиш драгоценоста во прав, и по поточните камења – офирско злато. |
|
| 25 |
|
| Вседржителот ќе биде за тебе помошник, ќе те направи чист како блескаво сребро. |
|
| 26 |
|
| Зашто тогаш ќе се радуваш за Вседржителот, ќе го кренеш лицето свое кон Бога. |
|
| 27 |
|
| Ќе Му се молиш, и Он ќе те чуе, и ти ќе ги исполниш заветите свои. |
|
| 28 |
|
| Ќе наумиш нешто, и тоа ќе се исполни, над твоите патишта ќе свети светлина. |
|
| 29 |
|
| Кога некој ќе биде понизен, ќе речеш: ‚угоре!‘ и Он ќе го спаси оној со наведнатото лице; |
|
| 30 |
|
| ќе го спаси и виновниот; а ќе го спаси преку чистотата на твоите раце.« |
|
|
|
|