|
| 1 |
|
| Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече: |
|
| 2 |
|
| „Зар човек може да Му биде полезен на Бога? Па кој е мудар, може да биде полезен на себеси. |
|
| 3 |
|
| Зар е милост за Семоќниот ако си праведен, и зар има полза ако си непорочен? |
|
| 4 |
|
| Или те кара заради твојата побожност и затоа сака да се суди со тебе? |
|
| 5 |
|
| Не е ли тоа заради твојата преголема злоба и заради беззаконијата, на кои не им има број? |
|
| 6 |
|
| Земаше залози од браќата за ништо, соблекуваше облеки од голи луѓе. |
|
| 7 |
|
| Ти не го напои со вода жедниот, им го скратуваше лебот на гладните; |
|
| 8 |
|
| на силниот човек ти му даваше земја, и угледниот се насели на неа. |
|
| 9 |
|
| Ти ги пушташе вдовиците без ништо а сирачињата ги оставаше со празни раце. |
|
| 10 |
|
| Ете, зашто те обиколуваат сега стапиците, зашто те измачуваат ненадејни стравови. |
|
| 11 |
|
| Светлината ти стана мрак, и ништо не гледаш, длабоки води те потопија тебе. |
|
| 12 |
|
| Зар Бог не е во небесната висина и зар Тој не им го гледа темето на ѕвездите? |
|
| 13 |
|
| Но ти велиш: „Што може Бог да знае? Зар може да суди низ темен облак? |
|
| 14 |
|
| Облаците го засолнуваат неговиот поглед, и Тој оди по сводот на небесниот круг.” |
|
| 15 |
|
| Имаш ли намера да се држиш до стариот пат, по кој одеа неправедните луѓе? |
|
| 16 |
|
| Тие исчезнаа пред време, пороите им ги однесоа основите. |
|
| 17 |
|
| Му зборуваа на Бога: „Остави нè нас! што може Сèдржителот да ни стори?” |
|
| 18 |
|
| А Тој им го полнеше домот со блага, но советот на нечесните да биде далеку од мене. |
|
| 19 |
|
| Праведниците гледаат и се радуваат непорочните им се потсмевнуваат: |
|
| 20 |
|
| „Ете, пропаднаа нашите противници, она што остана од нив, огнот им го проголта!” |
|
| 21 |
|
| Спријатели се ти и смири се со Бога, и пак ќе ти биде вратено доброто. |
|
| 22 |
|
| Впрочем, прифати го законот од Неговата уста, посади го Неговото слово во своето срце. |
|
| 23 |
|
| Ако се вратиш покаен кон Семоќниот, ќе бидеш утврден наново; и ако ја отстраниш неправдата од својот шатор. |
|
| 24 |
|
| Тогаш ќе го отфрлиш златото во прав и офирското злато меѓу поточните камчиња. |
|
| 25 |
|
| Семоќниот ќе стане твое чисто злато, Тој ќе биде светливо сребро за тебе. |
|
| 26 |
|
| Да, Сèдржителот ќе биде твоја радост, и ќе го издигаш лицето кон Бога. |
|
| 27 |
|
| Ќе Му се молиш, и ќе те послуша, ќе ги исполниш своите ветувања. |
|
| 28 |
|
| Што и да преземеш, сè ќе ти успее, и светлина ќе ги осветлува твоите патишта. |
|
| 29 |
|
| Зашто, Тој ја понижува гордоста на гордите, додека им притекнува на помош на оние, што имаа смирени очи. |
|
| 30 |
|
| Тој го избавува невиниот од неволја, и тебе ќе те спаси чистотата на твоите раце.” |
|
|
|
|