|
| 1 |
|
| »И така, среброто си има исходна жила, и златото – место, каде што го пречистуваат. |
|
| 2 |
|
| Железото се добива од земјата; од камен се претопува бакар. |
|
| 3 |
|
| Човекот определува предели во темнината и грижливо бара камен во мракот и во смртната сенка. |
|
| 4 |
|
| Ископуваат рудокопен извор во места, недостапни за нога, нишајќи се висат далеку од луѓето. |
|
| 5 |
|
| Од земјата никнува жито, а под неа сѐ е испревртено, како оган. |
|
| 6 |
|
| Во камењата нејзини има место за сафир, во нив има и златни зрнца. |
|
| 7 |
|
| Патеката за таму граблива птица не ја знае, јастребовото око не ја видело; |
|
| 8 |
|
| ѕверки мали не ја газеле, и не одле по неа лав. |
|
| 9 |
|
| Не гранит ја става човек раката своја, од дното превртува гори; |
|
| 10 |
|
| во карпи пресечува извори, и окото негово гледа сѐ што е скапоцено; |
|
| 11 |
|
| го запира текот на реките и сокриеното го вади на видело. |
|
| 12 |
|
| Но каде се наоѓа мудриста, и каде е местото на разумот? |
|
| 13 |
|
| Не ја знае човекот цената нејзина, ниту се наоѓа по земјата на живите. |
|
| 14 |
|
| Бездната вели: – не е во мене таа: – и морето вели: – не е кај мене -. |
|
| 15 |
|
| Таа не се дава за злато и не се добива за измерено сребро; |
|
| 16 |
|
| таа не се оценува со офирско злато, ниту со скапоцен оникс, ниту со сафир; |
|
| 17 |
|
| не се споредува со неа злато и кристал; нема да ја размениш со садови од чисто злато. |
|
| 18 |
|
| А за корал и бисер нема што ни да се спомнува, зашто здобивање со мудрост чини повеќе од рубини. |
|
| 19 |
|
| Со неа не се изедначува етиопскиот топаз; со чисто злато таа не се оценува. |
|
| 20 |
|
| Од каде, всушност, излегува мудроста? Каде е местото на разумот? |
|
| 21 |
|
| Сокриена е таа од очите на сѐ што е живо и притаена е од птиците небески. |
|
| 22 |
|
| Погубноста и смртта велат: ‚со ушите свои го чувме мрморењето за неа.‘ |
|
| 23 |
|
| Бог го знае патот нејзин; Он го познава местото нејзино. |
|
| 24 |
|
| Зашто Он гледа до крајот на земјата и гледа под целото небо. |
|
| 25 |
|
| Кога Он му даваше на верерот мерка и ја наместуваше водата по мера, |
|
| 26 |
|
| кога му даваше наредби на дождот и пат на громоносната молња, |
|
| 27 |
|
| уште тогаш Он ја виде и ја објави, ја приготви и уште ја испита. |
|
| 28 |
|
| А на човекот му рече: ‚Ете, стравот Господов е вистинска мудрост, а одбегнувањето од зло е разумот.‘« |
|
|
|
|