|
| 1 |
|
| Да, среброто има свое наоѓалиште, а златото место каде се прочистува. |
|
| 2 |
|
| Железната руда се вади од земјата, а од камена рудница се топи бакар. |
|
| 3 |
|
| Луѓето и поставуваат граница на темнината и копаат до најголемите длабочини, по камен закопан во мрак. |
|
| 4 |
|
| Далеку во туѓина длаби ровови, до кои не допира човечката нога, виси, нишајќи се, далеку од луѓето. |
|
| 5 |
|
| Крилото на земјата, од кое ни никнува лебот, сето е раскопано како од оган. |
|
| 6 |
|
| Нејзините карпи се сокровиште на сафир, златен прав се крие во нив. |
|
| 7 |
|
| Грабливите птици не ги знаат тие патишта, соколовото око не ги забележува. |
|
| 8 |
|
| Дивите ѕверови не стапнаа на нив, ниту пак некогаш лавот помина по нив. |
|
| 9 |
|
| Но човек крева рака против каменот, и ги превртува планините од корен. |
|
| 10 |
|
| Засечува премини низ камен, неговото око забележува сè скапоцено. |
|
| 11 |
|
| Тој го запира текот на водните жили; засолнати работи изнесува на видело. |
|
| 12 |
|
| Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот? |
|
| 13 |
|
| Човекот не знае нејзиниот цена, не ја открија во земјата на живите. |
|
| 14 |
|
| Бездната зборува: „Ја нема во мене!” А морето: „Не се наоѓа кај мене!” |
|
| 15 |
|
| Не може да биде купена со чисто злато, ниту да се измери со сребро нејзината цена. |
|
| 16 |
|
| Не се мери таа со офирско злато, ни со скапиот оникс па ни со сафир. |
|
| 17 |
|
| Не се споредува со злато, со кристал, ниту се дава за сад од чисто злато. |
|
| 18 |
|
| Зошто да се спомнува кристалот, коралот, подобро е да стекне Мудрост отколку бисери. |
|
| 19 |
|
| Што е спрема неа етиопскиот топаз, не се преценува ни со чисто злато. |
|
| 20 |
|
| Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот? |
|
| 21 |
|
| Скриена е за очите на сите живи, таа им избегнува на небесните птици. |
|
| 22 |
|
| Пеколната пропаст и смртта изјавуваат: „Ние само чувме за нејзината слава.” |
|
| 23 |
|
| Единствено Господ го разбира нејзиниот пат, единствено Тој знае каде се наоѓа. |
|
| 24 |
|
| Зашто со поглед ги опфаќа границите на земјата и забележува сè под небесниот свод. |
|
| 25 |
|
| Кога сакаше да му одреди тежина на ветерот и со мерилка да ја измери сета вода, |
|
| 26 |
|
| кога му наметна закони на дождот и патишта на громовните облаци, |
|
| 27 |
|
| тогаш ја виде и ја измери, ја зацврсти и ја испита до дното. |
|
| 28 |
|
| А потоа му рече на човекот: „Стравот од Господа - ете што е мудрост, „Отстранувај се од злото” - тоа ти е разумност.” |
|
|
|
|