|
| 1 |
|
| Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече: |
|
| 2 |
|
| »О, да бев, како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме пазеше, |
|
| 3 |
|
| кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина; |
|
| 4 |
|
| како што бев во деновите на своите млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој, |
|
| 5 |
|
| кога Вседржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене, |
|
| 6 |
|
| кога патиштата мои се облеваа со кравјо масло, а горите мои лееја млеко, |
|
| 7 |
|
| кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, – |
|
| 8 |
|
| младите, кога ќе ме здогледаа, се оттргнуваа, а старците стануваа и стоеја; |
|
| 9 |
|
| кнезовите се воздржуваат да говорат и ставаа прст на устата своја; |
|
| 10 |
|
| гласот на првенците замолкннуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни. |
|
| 11 |
|
| Уво, што ќе ме чуеше, ме ублажуваше; око, што ќе ме видеше, ме восфалуваше, |
|
| 12 |
|
| зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак. |
|
| 13 |
|
| Врз мене доаѓаше благословот на оној што пропаѓаше; на вдовичиното срце му донесував радост. |
|
| 14 |
|
| Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка, како мантија и превез. |
|
| 15 |
|
| Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот; |
|
| 16 |
|
| за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев. |
|
| 17 |
|
| На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото. |
|
| 18 |
|
| Па си велев: ‚Ќе свршам во гнездото свое, и дните мои ќе бидат многу – како песокта.‘ |
|
| 19 |
|
| Коренот мој беше покрај вода, росата ноќеваше на гранките мои; |
|
| 20 |
|
| славата моја се подмладуваше, и лакот мој стануваше појак во раката моја. |
|
| 21 |
|
| Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој. |
|
| 22 |
|
| По моите зборови веќе не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив. |
|
| 23 |
|
| Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд. |
|
| 24 |
|
| Се случуваше, ќе им се насмевнев, – тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа. |
|
| 25 |
|
| Кога одев кај нив, седев не чело; и живеев како цар меѓу војници, како утешител на оние што плачат.« |
|
|
|
|