|
| 1 |
|
| »Завет направив со очите свои, за да не погледнам на девица. |
|
| 2 |
|
| Но каков дел би имал од Бога одозгора? И какво наследство ми испратил Седржителот од небесата? |
|
| 3 |
|
| Не ли е за нечесниот погибелта? Нели е за безбожникот пропаста? |
|
| 4 |
|
| Не ги виде ли Он патиштата мои и не ги брои ли сите мои чекори? |
|
| 5 |
|
| Ако одев во суета, и ако ногата моја брзаше кон лукавство, – |
|
| 6 |
|
| нека ме измерат со мерката на правдата, и Бог ќе ја дознае мојата непорочност. |
|
| 7 |
|
| Ако стапките мои се отстранувале од патот, ако срцето мое ги следело очите мои, и ако нешто нечисто се залепило за рацете мои, |
|
| 8 |
|
| јас нека сејам, а друг да јаде, и потомците мои искоренети да бидат. |
|
| 9 |
|
| Ако срцето мое се занесувало од жена и ако сум демнел крај вратата на ближниот свој, |
|
| 10 |
|
| жената моја нека му меле на друг, и друг нека се подигрува со неа, |
|
| 11 |
|
| зашто тоа е престап, тоа е беззаконие, кое подлежи на суд; |
|
| 12 |
|
| тоа е оган, што гори до истребување, што би го уништил целиот мој имот. |
|
| 13 |
|
| Ако не водев грижа за правата на слугата и на слугинката, кога имаа спор со мене, |
|
| 14 |
|
| што ќе правев, ако се кренеше Бог? И ако ме испитуваше, што ќе можев да Му одговорам? |
|
| 15 |
|
| Нели Он, Кој ме создал мене во утробата, го создал и него и еднакво нѐ обликувал во утробата? |
|
| 16 |
|
| Сум ја откажал ли молбата на оној што имал потеба, и сум ги просолзувал ли очите на вдовица? |
|
| 17 |
|
| Сам ли го јадев залакот свој, нели јадеше и сиракот од него? |
|
| 18 |
|
| Зашто од детството растел тој со мене како со татко, и од утробата на мајката негова сум го раководел јас. |
|
| 19 |
|
| Ако видев некој дека загинува без облека и сиромав без покрив, – |
|
| 20 |
|
| бедрате негови нели ме благословуваа и тој не ли биваше стоплен со волната од овците мои? |
|
| 21 |
|
| Ако сум кренал рака врз сирак, кога ќе видев, дека имам потпора пред портите, |
|
| 22 |
|
| рамото мое нека се оддели од грбот и раката моја нека се откине од лактот, |
|
| 23 |
|
| зашто казната од Бога е страшна за мене: пред Неговото величие јас не би можел да опстанам. |
|
| 24 |
|
| Сум го земал ли златото за моја потпора и сум велел ли на ризницата: ‚ти си моја надеж‘? |
|
| 25 |
|
| Сум се радувал ли дека богатството ми беше големо и дека раката моја спечалила многу? |
|
| 26 |
|
| Гледајќи го сонцето, како свети, и месечината, како величествено оди, |
|
| 27 |
|
| се занесував ли во длабочините на срцето свое и ја бакнував ли со уста раката своја? |
|
| 28 |
|
| Тоа ќе беше исто така престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот. |
|
| 29 |
|
| Се радував ли за неволјата на непријателот мој и се веселев ли кога го снаоѓаше зло? |
|
| 30 |
|
| Не ѝ дозволував на устата моја да греши со проколнување на душата негова. |
|
| 31 |
|
| Не велеа ли луѓето од мојот шатор: ‚О, кој не се наситувал од неговите месни гозби?‘ |
|
| 32 |
|
| Туѓинец не ноќеваше не улица; вратата своја ја отварав на патникот. |
|
| 33 |
|
| Да ги криев грешките свои пред луѓето и ако ги таев во градите своите престапи, |
|
| 34 |
|
| ќе се плашев од големото мноштво, и од најмалиот во домот мој ќе имав страв, па затоа молчев и не излегува надвор од вратата. |
|
| 35 |
|
| О, да имаше кој да ме ислуша! Еве ја мојата желба: Вседржителот да ми одговори, а заштитникот мој да состави запис за тоа; |
|
| 36 |
|
| ќе го носев на рамениците мои и ќе се украсував со него како со венец; |
|
| 37 |
|
| ќе му го соопштев бројот на чекорите свои, ќе се приближев до него како кнез. |
|
| 38 |
|
| Ако нивите мои викаа против мене, ако браздите нивни се поплакуваа од мене, |
|
| 39 |
|
| ако сум им ги јадел плодовите нивни бесплатно и сум ја измачувал душата на земјоделците, |
|
| 40 |
|
| тогаш место жито нека расте трње и место јачмен – какол.« Зборовите Јовови свршија. |
|
|
|
|