1
Кога тие тројца мажи престанаа да му одговараат на Јова, бидејќи пред очите нивни беше прав.
2
Се разгори гневот на Елијуја, сен Варахиилов, од Вуз, од Рамовиот род; се разгоре гневот негов против Јова, поради тоа што тој се правеше поправеден од Бога;
3
а против тројцата негови пријатели се разгоре гневот негов затоа што тие не знаеја, што да одговорат, а пак го обвинуваа Јова.
4
Елијуј чекаше додека тие говореа со Јова, зашто по години беа постари од него.
5
А кога Елијуј виде оти нема одговор во устата на тројцата мажи, гневот негов се разгоре.
6
И одговори Елијуј, син Варахиилов, од Вуз, и рече: »Јас сум млад по години, а вие сте старци; затоа јас се плашев и не се осмелував да ви го кажам моето мислење.
7
Јас си велев: нека говорат дните и многулетието нека поучува во мудрост.
8
Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува.
9
Не само многулетните се мудри, ниту само старците знаат што е право.
10
Затоа велам: ислушајте ме, ќе ви го кажам и јас моето мислење.
11
Ете, чекав вие да се искажете, го слушав вашето расудување, додека вие говоревте.
12
Внимателно ве следев, и никој од вас не го изобличи Јова и не одговори на зборовите негови.
13
Немојте да речете: ‚ние наидовме на мудрост: Бог ќе го убеди, а човекот не може.‘
14
Ако тој ги упатуваше зборовите свои кон мене, јас ќе му одговорев не со вашите зборови.
15
Се исплашија повеќе не говорат; се збунија, престанаа да зборуваат.
16
Чекав, а тие пак не говореа, престанаа и повеќе не зборуваа.
17
Јас ќе говорам за сѐ, јас ќе го кажам мислењето свое.
18
Затоа што сум полн со зборови, и духот ме притиска одвнатре.
19
Ете, утробата моја, како затворено вино: готова е да прсне како нови мевови.
20
Ќе позборувам, за да ми се олесни; ќе си ја отворам устата и ќе одговорам.
21
Нема да гледам кој е кој и на никого нема да му ласкам,
22
зашто не умеам да ласкам: за миг Создателот мој би ме зел.«
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016