|
| 1 |
|
| Продолжи Елијуј и рече: |
|
| 2 |
|
| »Ислушајте го, мудри, зборот мој, и приклонете го увото кон мене, разумни! |
|
| 3 |
|
| Зашто увото ги разбира зборовите, како што непцата го разликуваат вкусот на храната. |
|
| 4 |
|
| Да расудиме меѓу себеси што е право и да познаеме што е добро. |
|
| 5 |
|
| Ете, Јов рече: ‚јас сум прав, но Бог ја отфрли мојата правда. |
|
| 6 |
|
| Треба ли да лажам против својата правда? Раната ми е неизлечива – рана без вина.‘ |
|
| 7 |
|
| Има ли човек како Јова, којшто ги пие подигравките како вода, |
|
| 8 |
|
| кој другарува со оние што вршат беззаконие и оди со безбожни луѓе? |
|
| 9 |
|
| Зашто тој беше рекол: – нема полза за човека да му угодува на Бога. – |
|
| 10 |
|
| И така, чујте ме, луѓе разумни! Не може да има кај Бога зло или кај Вседржителот неправда. |
|
| 11 |
|
| Он постапува со човекот според делата негови и му помага да го најде патот свој. |
|
| 12 |
|
| Навистина, Бог не прави зло и Вседржителот не суди криво. |
|
| 13 |
|
| Кој, освен Него, размислува за земјата? И кој управува со вселената? |
|
| 14 |
|
| Ако Он го свртеше срцето Свое кон Себе и го земеше при Себе нејзиниот дух и нејзиното дишење, – |
|
| 15 |
|
| за миг ќе загинеше секоја плот и човекот ќе се вратеше во правот. |
|
| 16 |
|
| И така, ако имаш разум, чуј го ова и внимавај на зборовите мои. |
|
| 17 |
|
| Кој ја мрази правдата, може ли да господари? И можеш ли ти да Го обвинуваш Сеправедниот? |
|
| 18 |
|
| Може ли да му се каже на царот: ‚ти си никаквец‘, и на кнезовите: ‚вие сте беззаконици?‘ |
|
| 19 |
|
| Но Бог не гледа и на лицата на кнезовите и не цени богат пред сиромав, зашто сите тие се дело на раката Негова. |
|
| 20 |
|
| Тие умираат ненадејно, и среде ноќ народот ќе се вознемири и ќе исчезне; |
|
| 21 |
|
| зашто неговите очи се над патиштата на човекот; Он ги гледа сите чекори негови. |
|
| 22 |
|
| Нема темнина, ниту смртна сенка, каде што би можеле да се сокријат оние што вршат беззаконие. |
|
| 23 |
|
| Никому не му го одложува времето кога ќе му дојде да се суди со него. |
|
| 24 |
|
| Он ги уништува силните без испитување и поставува други на нивните места, |
|
| 25 |
|
| зашто Он ги знае нивните дела; кога настане ноќ – веќе ги нема. |
|
| 26 |
|
| Ги поразува како беззаконици пред очите на другите, |
|
| 27 |
|
| поради тоа што отстапиле од Него и не ги разбрале Неговите патишта, |
|
| 28 |
|
| така што дојде до Него повикот од сиромасите, го слушна офкањето на угнетените. |
|
| 29 |
|
| Ако даде Он мир, кој може да вознемири? Ако го сокрие лицето Свое, кој може да Го види? А тоа бива за сиот народ и за еден човек, |
|
| 30 |
|
| за да не царува лицемерниот над народот и да нема стапица за народот. |
|
| 31 |
|
| На Бога треба да Му се каже: ‚Претрпев, нема повеќе да грешам. |
|
| 32 |
|
| А она што јас не знам научи ме; ако сум направил беззаконие, нема повеќе да правам.‘ |
|
| 33 |
|
| Според твоето ли разбирање Он треба да плаќа? И бидејќи ти отфрлуваш, на тебе останува да избираш, а не на мене; зборувај сѐ што знаеш. |
|
| 34 |
|
| Умните луѓе ќе го кажат истото; мудрите ќе се согласат со мене, |
|
| 35 |
|
| дека Јов умно не зборува и дека зборовите негови не се разумни. |
|
| 36 |
|
| Би сакал јас Јов наполно да биде испитан, според одговорите негови, зашто одговара како лоши луѓе. |
|
| 37 |
|
| Инаку, кон гревот свој додава уште и беззаконие, плеска со рацете меѓу нас и уште повеќе ќе говори против Бога.« |
|
|
|
|