|
| 1 |
|
| И Господ му се обрна на Јова и му рече: |
|
| 2 |
|
| Зар кудачот ќе се препира уште со Јакиот? Божјиот тужител нека одговори сам!” |
|
| 3 |
|
| А Јов Му одговори на Господа и рече: |
|
| 4 |
|
| ”Премногу сум мал: што да одговорам? Со мојата рака ќе ја затворам устата. |
|
| 5 |
|
| Реков збор - нема веќе да започнувам; реков два - ама нема да продолжам.” |
|
| 6 |
|
| Тогаш Господ му одговори на Јова од бурата и рече: |
|
| 7 |
|
| „Препаши го својот крст како јунак, Јас ќе те прашувам, а ти поучи Ме. |
|
| 8 |
|
| Зар сакаш да го изгазиш и мојот суд, да Ме обвиниш, за да се оправдаш себеси? |
|
| 9 |
|
| Зар твојата мишка ја има Божјата сила? Зар можеш да грмиш со гласот како Него? |
|
| 10 |
|
| Наметни се со сјај и величество, облечи се со достоинство и слава. |
|
| 11 |
|
| Избувни со гнев на жесток оган, понизи го гордиот со еден поглед. |
|
| 12 |
|
| Погледај го горделивецот, скрши го, сотри го наместо, секој злосторник. |
|
| 13 |
|
| Закопај ги сите нив, заедно, во земјата, затвори ги во мрачна темница. |
|
| 14 |
|
| Тогаш и Јас ќе ти дадам пофалба дека се ослободи со својата десница. |
|
| 15 |
|
| А сега, ете, разгледај го нилскиот коњ, се храни со трева како добиток, |
|
| 16 |
|
| ете, неговата сила е во бедрата, а јакоста му е во мишката на мевот. |
|
| 17 |
|
| Ја здрвува кренатата опашка како кедар, жилите му ги испреплетија сите бедра. |
|
| 18 |
|
| Неговите коски се железни цевки, неговите зглобови се глуждови од железо. |
|
| 19 |
|
| Тој е првенец на Божјото создавање, Творецот го вооружи со меч. |
|
| 20 |
|
| Планините му донесуваат данок во храна, и сите ѕверови што играат по нив. |
|
| 21 |
|
| Тој почива навален под лотосот, мочуришните трски и калта го кријат. |
|
| 22 |
|
| Лотосовите лисја му прават сенка, тој се лади под поточните врби. |
|
| 23 |
|
| Ако надојде реката, тој не се плаши: воопшто него не би го загрижило и целиот Јордан да затече во неговата уста. |
|
| 24 |
|
| Кој може да го фати за очите и кој може да му го прободе носот со стрела? |
|
|
|
|