|
| 1 |
|
| »Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед? |
|
| 2 |
|
| Нема толку силен кој би се осмелил да Ме обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице? |
|
| 3 |
|
| Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо сѐ е Мое. |
|
| 4 |
|
| Нема да премолчам за деловите негови, за силата и нејзината убава сразмерност. |
|
| 5 |
|
| Кој може да ја одгрне горната облека негова, кој ќе се приближи до двојните челусти негови? |
|
| 6 |
|
| Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови наоколу се ужас. |
|
| 7 |
|
| јаките штитови негови – великолепие; тие се зацврстени како со тврд печат; |
|
| 8 |
|
| еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува меѓу нив; |
|
| 9 |
|
| еден до друг стојат збиени, слепени се и не се размесуваат. |
|
| 10 |
|
| Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората: |
|
| 11 |
|
| од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри; |
|
| 12 |
|
| од ноздрите негови излегува пара, како од зовриено грне или котел. |
|
| 13 |
|
| Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен. |
|
| 14 |
|
| На вратот негов сила престојува, и пред него ужас трча. |
|
| 15 |
|
| Месестите делови на телото му се сплотени силно меѓу себе, не мрдаат. |
|
| 16 |
|
| Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен. |
|
| 17 |
|
| Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас. |
|
| 18 |
|
| Кој меч ќе се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни оклоп. |
|
| 19 |
|
| Железото го смета за слама, бакарот – за гнило дрво. |
|
| 20 |
|
| Стрелата ни лакот нема да го подгони; камењата од праќката во плева се претвораат за него. |
|
| 21 |
|
| Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од стрелата тој се смее. |
|
| 22 |
|
| Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта. |
|
| 23 |
|
| Он прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст; |
|
| 24 |
|
| зад себе остава светла трага; бездната изгледа како бело руно. |
|
| 25 |
|
| На земјата нема сличен на него: он е создаден бестрашен; |
|
| 26 |
|
| на сѐ, што е високо, гледа смело; он е цар над сите синови на гордоста.« |
|
|
|
|