|
| 1 |
|
| Зар ловиш левијатан (крокодил, морско чудовиште) со јадица? Зар ќе му го зауздаш јазикот со јаже? |
|
| 2 |
|
| Можеш ли да му ги прободеш носалките со трска, или да му ја пробиеш вилицата со кука? |
|
| 3 |
|
| Дали ќе те заколнува за милост? Дали ќе разговара благо со тебе? |
|
| 4 |
|
| И зар ќе склучи тој сојуз со тебе, за да ти биде слуга цел живот? |
|
| 5 |
|
| Можеш ли да се поиграш со него како со птица и да го врзеш, за да ги развеселиш ќерките? |
|
| 6 |
|
| Дали ќе се спогодуваат за него рибарите? Дали ќе го поделат трговците меѓу себе? |
|
| 7 |
|
| Можеш ли да му ја издупчиш кожата со копје, или да му ја пробиеш главата со сулици? |
|
| 8 |
|
| Крени ја својата рака на него: Подготви се за бој - ќе ти биде последен! |
|
| 9 |
|
| Напразно е да се негува надеж во него, човекот загинува веќе на неговиот поглед. |
|
| 10 |
|
| Нема јунак да го раздразни него, кој ќе му се спротиви во лице, |
|
| 11 |
|
| Кој ќе се судри со него и да остане жив? Нема таков човек под небесата. |
|
| 12 |
|
| Нема да ги премолчам неговите членови, ни големата сила, ни убавината ни ставата. |
|
| 13 |
|
| Кој смее да му ја соблече облеката, кој ли ќе проникне низ неговиот двоен оклоп? |
|
| 14 |
|
| Кој ќе му ги отвори двокрилните челусти кога стравот владее околу неговите заби? |
|
| 15 |
|
| Грбникот му е од лушпести штитови, запечатени со каменен печат. |
|
| 16 |
|
| Се прилепија едни до други така, што ни здив не минува меѓу нив. |
|
| 17 |
|
| Толку цврсто се залепени заедно: доближени сосема, не можат да се раздвојат |
|
| 18 |
|
| Кога ќе кивне, светлина блеска од него, очите му се како зорините веѓи. |
|
| 19 |
|
| Од неговата уста горат гламни, огнени искри се истуруваат од нив. |
|
| 20 |
|
| Дим излегува од неговите носалки, како од котел што врие врз оган. |
|
| 21 |
|
| Неговиот здив би запалил јаглења, зашто од неговата уста излегуваат пламени. |
|
| 22 |
|
| Во вратот му лежи сета негова сила, а пред него се простира ужас. |
|
| 23 |
|
| Кога ќе се исправи, затреперуваат брановите и се повлекуваат кон морската шир. |
|
| 24 |
|
| Срцето му е тврдо како пештера, отпорно како мелничен камен. |
|
| 25 |
|
| Свивањата на месото му се зарастени, цврсти се како да се слеани. |
|
| 26 |
|
| Ако го погоди меч, се одбива од него, исто и копјето, сулицата и стрелата. |
|
| 27 |
|
| Железото е како сламка за него, бронзата како гнило дрво. |
|
| 28 |
|
| Тој не се повлекува пред стрелите од лакот, камењата од каменофрлачот паѓаат како плева врз него. |
|
| 29 |
|
| Боздоганот е како сламче за него, му се смее на копјето кога, ќе засвири над него. |
|
| 30 |
|
| Остри черепници има на мевот и со нив ја оре тињата како со брана. |
|
| 31 |
|
| Под него водовртежот зоврува како грнец, го пени морето како мирисливото масло во котел. |
|
| 32 |
|
| Тој остава светла бразда зад себе, бело руно ја покрива бездната. |
|
| 33 |
|
| Не суштествува ништо слично на земјата, и ниту е некој толку бестрашен. |
|
| 34 |
|
| Тој гледа од високо и на најголемите цар му е на секого, и на најгорделивите.” |
|
|
|
|