|
| 1 |
|
| Ајде повикувај! Зар ќе ти одговори некој? На кој од светците мислиш да му се обрнеш сега? |
|
| 2 |
|
| Навистина, безумниот го убива неговиот гнев, љубомората ќе го докрајчи сосем лудиот. |
|
| 3 |
|
| Видов безумник како се вкоренува, но веднаш ја проколнував неговата куќа. |
|
| 4 |
|
| Неговите синови се далеку од сигурност, незаштитени, ги тормозат во вратите. |
|
| 5 |
|
| Гладните ја изедуваат нивната жетва, самиот Бог им ја одзеде од устата, а жедните лакомат за нивните имоти. |
|
| 6 |
|
| Не, нечесноста не излегува сама од земјата, ниту неволјата може да никне сама од почвата, |
|
| 7 |
|
| туку човекот се раѓа за страдањата, како што орловиот лет се стреми кон висината. |
|
| 8 |
|
| Но јас ќе Го побарам Бога и пред Него би ја образложил мојата работа. |
|
| 9 |
|
| Тој создаде силни недоловливи дела, чудеса што не можат да се избројат. |
|
| 10 |
|
| Тој роси дожд по сето лице на земјата, и испраќа вода да ни ги натопи полињата. |
|
| 11 |
|
| За да ги издигне високо понижените, за да ги надари со среќа нажалените? |
|
| 12 |
|
| Редум го руши она што итреците го смислуваат, сè што со раце спроведуваат, Тој им го изјаловува. |
|
| 13 |
|
| Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство, намислите на сплеткарите, ги претворува во ништо. |
|
| 14 |
|
| Среде бел ден, запаѓаат во темнина, пипаат на пладне, како среде ноќта. |
|
| 15 |
|
| Тој го избавува бедниот од нивниот меч, го издига сиромашниот од силничките раце. |
|
| 16 |
|
| Така му се покажува надежта на бедниот и неправдата треба да ја затвори устата. |
|
| 17 |
|
| Да, блазе му на човекот кого Бог го изобличува, затоа не презирај го ти карањето на Сèсилниот! |
|
| 18 |
|
| Тој ранува, но ја преврзува раната, удира, и залечува со Својата рака. |
|
| 19 |
|
| Ќе те избави од шест неволји, ни во седмата злото нема да те допре. |
|
| 20 |
|
| Во глад, ќе те спаси од смрт, а во војна, ќе те грабне од остриот меч. |
|
| 21 |
|
| Ќе го отстрани од тебе бичот на лошиот јазик, без страв ќе бидеш пред грабнувачот. |
|
| 22 |
|
| Ти ќе им се смееш на сушата и студот, и не ќе се плашиш од дивите ѕверови. |
|
| 23 |
|
| Ти ќе склучиш сојуз со камењата на нивата, дивите ѕверови ќе бидат во мир со тебе. |
|
| 24 |
|
| Ќе уживаш мир во својот шатор, кога ќе го посетиш својот дом, ќе стои негибнат. |
|
| 25 |
|
| Ќе гледаш како се множи твоето колено и како твоето потомство расте како трева. |
|
| 26 |
|
| Ти ќе легнеш во гробот кога ќе бидеш стар, како што се собира житниот сноп кога ќе дозрее. |
|
| 27 |
|
| Го набљудуваме сè ова: вистина е жива! Затоа ти послушај сè за твое добро. |
|
|
|
|