|
| 1 |
|
| А Јов одговори и рече: |
|
| 2 |
|
| „О кога би можела да се измери мојата мака, а мојата неволја да се стави на мерилка! |
|
| 3 |
|
| Тие сега би биле потешки од морскиот песок; и затоа моите зборови се брзоплети. |
|
| 4 |
|
| Стрелите на Сèсилниот се во моите внатрешности, нивниот бес ми го испива духот, Божјите стравотии удрија против мене. |
|
| 5 |
|
| Па, рика ли дивото осле покрај свежа трева? Или мука ли волот покрај својата храна? |
|
| 6 |
|
| Зар се јаде блутава храна без сол? Или има ли сласт во белката на јајцето? |
|
| 7 |
|
| Ама она од што душата ми се одвраќаше, тоа ми стана одвратно јадење. |
|
| 8 |
|
| Се надевам дека мојата молба ќе биде послушана, Бог да ми го исполни она за кое што копнеам! |
|
| 9 |
|
| О, кога Бог би сакал да ме уништи, кога би мавнал со раката да ме сотре! |
|
| 10 |
|
| Тоа би била вистинска утеха за мене, би можел да воскликнувам во тешки маки, зашто јас нема да ги скријам зборовите на Светиот. |
|
| 11 |
|
| Зар имам сила уште да чекам? И каков ми е крајот за да живеам подолго? |
|
| 12 |
|
| Зар е мојата сила како силата на каменот? Зар е моето тело од бакар? |
|
| 13 |
|
| На што можам да се потпрам во себе? Зар не ми е скратена секоја помош? |
|
| 14 |
|
| Кој му одбива милост на својот ближен, го презрел стравот од Сèсилниот Бог. |
|
| 15 |
|
| Браќата ме изневерија како поток, како зимските буици - своето корито, |
|
| 16 |
|
| од мразот им се накреваат матните води, бујно растат од снегот што почна да се топи; |
|
| 17 |
|
| но во сушно време скоро пресушуваат, тогаш од жега испаруваат, од коритото. |
|
| 18 |
|
| Се отстрануваат тие од своите патишта, пристигаат во пустината и се изгубуваат во неа. |
|
| 19 |
|
| Темските карвани ги бараат со очи, патниците од Шеба се надеваа на нив. |
|
| 20 |
|
| А кога ќе дојдат до нив, се наоѓаат во чудо, зашто се засрамија во својата надеж. |
|
| 21 |
|
| Во овој час и вие сте ми такви: Видовте ужас и се исплашивте. |
|
| 22 |
|
| Дали ви реков: „Подарете ми нешто, дарувајте ми нешто од својот имот; |
|
| 23 |
|
| избавете ме од непријателска рака, ослободете ме од силниковото ропство?” |
|
| 24 |
|
| Поучете ме вие и ќе молкнам, покажете ми: во што е мојот престап. |
|
| 25 |
|
| О колку се силни искрените беседи! Но што имаат во предвид вашите прекори? |
|
| 26 |
|
| Можеби мислите да ги изобличите зборовите? Па, во ветер оди очајниковиот говор! |
|
| 27 |
|
| Зар бисте фрлиле жрепка за сирачето и бисте тргувале со својот пријател? |
|
| 28 |
|
| Погледајте ме сега добро во очите, внимавајте да не ве излажам во лице. |
|
| 29 |
|
| Проверете дали е неправда! Проверете го зборот, јас сум правичен! |
|
| 30 |
|
| Зар има неправда на мојот јазик? Зар не ја вкусив секоја несреќа?” |
|
|
|
|