|
| 1 |
|
| Тогаш одговори Вилдад од Сува и рече: |
|
| 2 |
|
| »До кога ли ќе говориш така? И зборовите од устата твоја да се бурен ветар! |
|
| 3 |
|
| Зар Бог суди криво? Може ли Седржителот да ја изопачи правдата? |
|
| 4 |
|
| Ако твоите синови пред Него згрешиле, затоа и ги предал на нивното беззаконие. |
|
| 5 |
|
| Но ако со срце Го побараш Бога и Му се помолиш за милост на Вседржителот, |
|
| 6 |
|
| и ако си чист и праведен, Он уште сега ќе ја услиши молитвата Твоја; и ќе го обнови животот твој како на праведник. |
|
| 7 |
|
| И ако порано си имал малку, после ќе имаш повеќе. |
|
| 8 |
|
| Запрашај ги поранешните поколенија и вникни во мудроста на нивните татковци; |
|
| 9 |
|
| ние сме вчерашни и ништо не знаеме, нашите дни се како сенка на земјата. |
|
| 10 |
|
| Зар тие нема да те научат, зар тие нема од срцето свое да кажуваат зборови: |
|
| 11 |
|
| никнува ли шевар без влага? Расте ли трска без вода? |
|
| 12 |
|
| Додека е уште зелена и додека непресечена, таа се суши пред секоја трева. |
|
| 13 |
|
| Такви се патиштата на сите, што го забораваат Бога; така пропаѓа надежта на безбожниот; |
|
| 14 |
|
| надежта му е тенка нишка, вербата негова – мрежа пајакова. |
|
| 15 |
|
| Ако се потпре на куќата своја, нема да устои; ќе се фати ли за неа, нема да додржи. |
|
| 16 |
|
| Се зеленее тој, на сонцето вирее, неговите фиданки градината ја прекриваат, |
|
| 17 |
|
| во грамада од камења се вплетуваат корењата негови, живот црпи од живиот камен. |
|
| 18 |
|
| Но кога ќе го искорнат од местото негово, тоа ќе се откаже и ќе рече: не сум те познавало! |
|
| 19 |
|
| Ете ја радоста на неговито пат! А од земјата никнуваат растенија други. |
|
| 20 |
|
| Не, Бог не ги отфрла непорочните и не ја поддржува раката на беззакониците. |
|
| 21 |
|
| Со смеа ќе ја наполни устата твоја, и усните твои – со радосни извици. |
|
| 22 |
|
| Оние што те мразат, со срам ќе се покријат, шаторот на нечесните ќе исчезне.« |
|
|
|
|