|
| 1 |
|
| На тоа одговори Јов и рече: |
|
| 2 |
|
| »Навистина знам, дека е тоа така; но како ќе се оправда човек пред Бога? |
|
| 3 |
|
| Ако сака да влезе во расправија со Него, нема да Му одговори ни на едно од илјада. |
|
| 4 |
|
| Он е мудар по срце и моќен по сила; кој станувал против Него и останувал во спокојство? |
|
| 5 |
|
| Он ги преместува планините, а тие тоа не го знаат: ги превртува во гневот Свој; |
|
| 6 |
|
| ја поместува земјата од местото нејзино, и столбовите ѝ треперат; |
|
| 7 |
|
| ќе му каже на сонцето, – и тоа не изгрева, и на ѕвездите им става печат. |
|
| 8 |
|
| Он Сам ги распнува небесата и оди по морската површина; |
|
| 9 |
|
| Он ги создал Мечката, Орионот и Плејадата и ѕвездите на јужното небо; |
|
| 10 |
|
| врши големи дела, неиспитливи и чудесни, и безбројни се Неговите чуда. |
|
| 11 |
|
| Ете, Он оди пред мене, и јас не можам да Го видам; Он минува, а јас не Го забележувам. |
|
| 12 |
|
| Земе ли нешто, кој ќе Му забрани? Кој смее да Го праша: што правиш? |
|
| 13 |
|
| Бог нема да го отстрани гневот Свој; пред Него ќе паднат приврзаниците на гордоста. |
|
| 14 |
|
| Ако ме услиши и ги оцени зборовите мои, |
|
| 15 |
|
| дури и да сум прав, нема да одговарам, туку Судијата мој за милост ќе Го молам. |
|
| 16 |
|
| И кога на гласот мој би се одзвал, немаше да поверувам дека ги чул зборовите мои Оној, |
|
| 17 |
|
| Кој во виор ме поразува и без вина ги умножува раните мои; |
|
| 18 |
|
| не ми дава да здивнам, а со горчила ме исполнува. |
|
| 19 |
|
| Ако станува збор за сила, Он е најсилниот; кој ќе се спротивстави на Неговиот суд? |
|
| 20 |
|
| Ако почнам да се оправдувам, самата уста ќе ме обвини; ако сум невин, Он ќе ме прогласи за виновен. |
|
| 21 |
|
| А дали сум невин, и јас самиот веќе не знам, животот свој го презирам. |
|
| 22 |
|
| Сеедно е: затоа реков: дека Он го погубува и непорочниот и виновниот; |
|
| 23 |
|
| ако лукавите гинат со лута смрт, тогаш со невините се подбиваат. |
|
| 24 |
|
| Земјата е препуштена во рацете на нечестивите. Он им ги покрива очите на нејзините судии. Ако Он не е, тогаш Кој е? |
|
| 25 |
|
| Но дните мои беа побрзи од гласникот, – далеку побегнаа, не видоа никаде добро; |
|
| 26 |
|
| летаат како лесни летала, како орел, што се спушта врз плен. |
|
| 27 |
|
| Ако речам: ‚Ќе ги заборавам тагите свои, ќе го отстранам својот мрачен изглед и ќе закрепнам,‘ |
|
| 28 |
|
| од сите мои маки ужас ме опфаќа, зашто, знам дека нема да ме оправдаш. |
|
| 29 |
|
| Ако сум, пак, виновен, зошто тогаш залудо се измачувам? |
|
| 30 |
|
| Да се измиев со снежна вода и сосема да ги исчистев рацете свои, |
|
| 31 |
|
| и тогаш Ти ќе ме турнеше во тиња, па ќе се згнасеа од мене и алиштата мои. |
|
| 32 |
|
| Зашто Он не е човек, како што сум јас, та да можам да Му одговорам и да отидам заедно со Него на суд! |
|
| 33 |
|
| Меѓу нас нема посредник, што би ја ставил раката своја меѓу двајцата. |
|
| 34 |
|
| Нека го тргне Он од мене жезалот Свој, и стравот Негов да не ме застрашува, |
|
| 35 |
|
| тогаш ќе зборувам и нема да се плашам од Него, бидејќи вака не знам за себе.« |
|
|
|
|