Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Со песна ќе го прославам милоста и судот, Господи. |
| 2 |
| Ќе Ти пеам и ќе размислувам за патот непорочен: кога ќе ми пријдеш? Среде мојот дом одев со чисто срце. |
| 3 |
| Не ставив пред очите мои ништо незаконски; престапите ги мразам. |
| 4 |
| Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакав да знам. |
| 5 |
| Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам; со оној, што е со горделиви очи и ненаситно срце, не јадев. |
| 6 |
| Очите ми се управени кон верниците на земјата, за да седат со мене; кој одеше по патот непорочен, тој ми служеше. |
| 7 |
| Не живееше во мојот дом оној, кој гордо постапува; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои. |
| 8 |
| Од рани зори ги убивав сите грешници на земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите, што вршат беззаконие. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/100.mp3
150
100