Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име. |
| 2 |
| Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, |
| 3 |
| Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; |
| 4 |
| Кој го избавува од распаѓање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини. |
| 5 |
| Кој ја исполнува со блага твојатажелба, како на орел ќе се обновува твојата младост. |
| 6 |
| Господ им дава милост и суд на сите онеправдани. |
| 7 |
| Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови – барањата Свои. |
| 8 |
| Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; |
| 9 |
| Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути. |
| 10 |
| Оне не ни направи ништо според нашите безааконија и не постапи според нашите гревови; |
| 11 |
| зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него; |
| 12 |
| колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија; |
| 13 |
| како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. |
| 14 |
| Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека сме земја. |
| 15 |
| Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој; |
| 16 |
| ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото веќе нема да се познава |
| 17 |
| А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, |
| 18 |
| и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат. |
| 19 |
| Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над сѐ. |
| 20 |
| Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збоар, слушајќи го гласот од зборот Негов; |
| 21 |
| благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја испонувате волјата Негова; |
| 22 |
| благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа! |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/102.mp3
150
102