|
| 1 |
|
| Благословувај Го Господа, душо моја, и сè што е во Мене: Неговото свето име! |
|
| 2 |
|
| Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: |
|
| 3 |
|
| Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести; |
|
| 4 |
|
| Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов; |
|
| 5 |
|
| Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот. |
|
| 6 |
|
| Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата, |
|
| 7 |
|
| на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела. |
|
| 8 |
|
| Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. |
|
| 9 |
|
| Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека. |
|
| 10 |
|
| Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. |
|
| 11 |
|
| Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. |
|
| 12 |
|
| Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. |
|
| 13 |
|
| Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. |
|
| 14 |
|
| Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав. |
|
| 15 |
|
| Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет; |
|
| 16 |
|
| штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни. |
|
| 17 |
|
| Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите, |
|
| 18 |
|
| над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат. |
|
| 19 |
|
| Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над сè. |
|
| 20 |
|
| Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово! |
|
| 21 |
|
| Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја! |
|
| 22 |
|
| Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја! |
|
|
|
|