Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Славете Го Господа; призивајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови. |
| 2 |
| Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса. |
| 3 |
| Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа. |
| 4 |
| Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово. |
| 5 |
| Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и судовите од устата Негова, |
| 6 |
| вие, семе Авраамово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови. |
| 7 |
| Он е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја. |
| 8 |
| Он вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во илјада родови, |
| 9 |
| што му го ветил на Авраама, и заклетвата своја на Исака; |
| 10 |
| и му го поставил тоа како закон на Јакова и како вечен завет на Израилот, |
| 11 |
| велејќи: »Тебе ќе ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство.« |
| 12 |
| Тогаш тие беа уште малку на број, многу малку, и беа придојдени во неа, |
| 13 |
| па преминуваа од народ во народ, од едно царство кон друг народ; |
| 14 |
| никому не му дозволуваше Он да ги навредува и царевите за нив ги караше: |
| 15 |
| »Не допирајте се до Моите помазани, на Моиоте пророци не правете им зло!« |
| 16 |
| И пушти глад во таа земја и секој лебен клас го сотре. |
| 17 |
| Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф. |
| 18 |
| Ги стегнаа во вериги нозете негови; железото ја измачувало душата негова, |
| 19 |
| додека се исполни зборот Негов: зборот Господов го оправда. |
| 20 |
| Царот прати по него, го одврзаа, кнезот над народите и го ослободи. |
| 21 |
| Го постави за домаќин над домот свој и управител над сиот имот свој, |
| 22 |
| за да ги поучува кнезовите според својата волја и старешните негови да ги учи на мудрост. |
| 23 |
| Тогаш дојде Израилот во Египет, и Јаков се всели во Хамовата земја. |
| 24 |
| Го умножи Бог многу Својот народ и го направи посилен од непријателите негови. |
| 25 |
| Се преврти срцето нивно и тие го замразија народот Негов, и почнаа да им пакостат на слугите Негови. |
| 26 |
| Го испрати Мојсеја, слугата Свој, и Арона, кого го избра. |
| 27 |
| Ти ги покажаа меѓу нив зборовите на Неговите знаци и на чудесата Негови во Хамовата земја. |
| 28 |
| Испрати темнина и се смрачи, и тие не се спротивставија на зборот Негов. |
| 29 |
| Ја претвори водата нивна во крв и ја уништи рибата нивна. |
| 30 |
| Се исполни земјата нивна со жаби, дури и собите на царот нивни. |
| 31 |
| Он рече: и нападнаа песји муви и мушички по сите нивни предели. |
| 32 |
| Наместо дожд, испрати врз нив град, оган што ја гореше земјата нивна, |
| 33 |
| и ги уништи лозјата нивни и смоквите нивни, ги сотре сите дрвја во нивните предели. |
| 34 |
| Рече и нападнаа скакулци игасеници безброј; |
| 35 |
| и ја изедоа сета трева по земјата нивна, ги испојадоа сите плодови на нивите нивни. |
| 36 |
| И го порази секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивни труд. |
| 37 |
| Ги изведе Израилците со сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни. |
| 38 |
| Се зарадува Египет поради нивното излегување, бидејќи го беше обзел страв од нив. |
| 39 |
| Им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноќе. |
| 40 |
| Бараа, и Он им прати потполошки и со леб небесен ги наситуваше. |
| 41 |
| Расцепи камен и потекоа води, потекоа како река по безводната земја, |
| 42 |
| зашто се сети на Својот свет збор кон Авраама, Својот слуга. |
| 43 |
| па го изведе Својот народ со радост, Своите избрани – со веселба, |
| 44 |
| и им даде незнабожечки земји, и така наследија плодови од други народи, |
| 45 |
| за да ги чуваат наредбите Негови и да ги исполнуваат законите Негови. Алилуја! |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/104.mp3
150
104