Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кому му се мили Неговите заповеди. |
| 2 |
| Неговото потомство ќе биде силно на земјата; родот на праведните ќе биде благословен. |
| 3 |
| Слава и богатство ќе има во неговиот дом; и правдата негова ќе преуспева вечно. |
| 4 |
| На праведните во темнина им изгрева светлина од Добриот и Милостивиот. |
| 5 |
| Добриот човек е дарежлив и на заем дава; во судот тој уверливо ќе ги потврди зборовите свои; |
| 6 |
| и никогаш нема да се разниша; праведниот останува во вечен спомен. |
| 7 |
| Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева во Господа. |
| 8 |
| Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога – годе ќе погледне во напријателите свои. |
| 9 |
| Тој растура, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; неговиот рог ќе се возвиши во слава. |
| 10 |
| Грешниот, кога ќе го види тоа, ќе се јадосува, ќе крцка со забите свои и ќе се топи. Желбата на грешникот пропаѓа. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/psalms/111.mp3
150
111